Панталони од 2.449 ден

Панталоните се главно модно парче во гардероберот и задолжителни во речиси секоја модна комбинација. Додека жените може да одберат помеѓу панталони или здолниште, за мажите, панталоните се единствениот избор. Без разлика на пригодата, секогаш постои пар панталони за да се реши модната дилема, без разлика дали станува збор за елегантни, или широки панталони.

Кога станува збор за панталоните, не можеме да ги занемариме фармерките - класика која секогаш е во мода. Фармерките често се прв избор кога не знаеме што да облечеме. Најверојатно не постои личност која нема бар неколку различни видови фармерки во својот гардеробер.

Огромната разновидност на панталони достапни денес често прави да се “изгубиме“ во понудата. За да ви олесниме, составивме преглед на панталоните на Том Тејлор, достапни по цени почнувајќи од 2.449 денари. 

Женски панталони

Секоја дама ќе пронајде пар панталони кои и прилегаат. Во нашата понуда имаме: 

  • чино панталони,
  • панталони со широк крој,
  • панталони со прав крој,
  • панталони кои се стеснуваат од струкот кон глуждот,
  • панталони во стил на тренерки.

Доколку треба да одбереме само еден модел панталони, дефинитивно би се одлучиле за чино панталони. Елегантни, но сепак спортски и удобни и може да се носат за голем број пригоди. Во комбинација со блуза и блејзер се одличен избор за на работа, додека со спортски џемпер се удобна комбинација за слободно време.

Може да изберете чино панталони во различни бои, но особено ви ги препорачуваме црните или во морнарско сина боја. Тие се основно модно парче кое може да го носите повеќе сезони последователно. 

За елегантен изглед, "Lea" панталоните со висок струк и широки ногавици се вистински избор. Комбинирајте ги со блејзер во иста боја и бела кошула. Алтернативно, одлучете се за панталоните “Mia“ со прав крој и комбинирајте ги со блуза со опуштен крој и елегантен мантил. Едноставно, но ефективно!

За опуштени модни комбинации, панталоните со широк крој се совршени. Во понудата ќе пронајдете панталони со врвка за врзување во пределот на половината и панталони со крој кој се стеснува, односно пошироки во горниот дел и постепено се стеснуваат кон глуждовите. Комбинирајте ги со маица со интересен дезен и комплетирајте го изгледот со плетен кардиган или тексас јакна.

Машки панталони

Машките Том Тејлор панталони се достапни во различни бои, кроеви и материјали. Прилегаат на различни градби на тело и одговараат на различни преференци. 

Машките чино панталони се одлична алтернатива на фармерки и се едни од нашите најпопуларни парчиња. Достапни се во различни бои, како темно сина, минт зелена, беж, сива и црна, а на некои модели додадовме и ремен. Комбинирајте ги со монохроматска кошула и патики и подготвени сте за прошетка низ градот, состанок од работа или со партнерката.

Машките карго панталони стануваат сè попопуларни. Овие панталони со широк крој се многу практични благодарение на големите странични џебови. Со оглед на тоа дека имаат многу опуштен изглед, носете ги во спортски комбинации. Додадете спортски џемпер и бомбер јакна, или монохроматска маица и тексас јакна. 

За да го комплетирате вашиот деловен стил, одберете елегантни панталони направени од ткаенина мешана со вискоза. Додадете кошула и соодветен блејзер. 

Како што споменавме претходно, кога збориме за панталони, не смееме да заборавиме на фармерките. Подолу, ви претставуваме дел од нашите најпопуларни модели фармерки. 

Женски фармерки

Да започнеме со најпопуларниот модел женски Том Тејлор фармерки - "Alexa". Достапни се во различни кроеви: припиен (Alexa Skinny), тесен (Alexa Slim) и прав крој (Alexa Straight). Одберете помеѓу различни нијанси на препознатливата тексас сина боја и избледен изглед. "Alеxa" фармерките се класика која едноставно мора да ја имате! 

Следбеничките на модата задолжително треба да ги погледнат фармерките "culotte" и "bootcut". "Cullotte" фармерките имаат многу широки ногавици и се малку пократки, додека "bootcut" фармерките имаат прави ногавици кои се шират во долниот дел.

Навистина интересни се така наречените "barell leg" фармерки. Ова е доста нов тренд на балон фармерки со висок струк кои се припиени за телото во пределот на колковите, се шират во горната половина на ногата и потоа повторно се стеснуваат кај глуждовите. 

Покрај огромниот избор, жените често се одлучуваат за фармерки со тесен крој. Овој модел фармерки се припиени за телото, но еластинот во нив ги прави многу прилагодливи кон различните телесни фигури. Одлично одговараат со малку подолги и пошироки парчиња горна гардероба, како широки топови, подолги кошули, долги плетени џемпери и долги кардигани. 

За да ви помогнеме да го одберете совршениот пар фармерки без разлика на вашата телесна фигура, составивме водич за купување на Том Тејлор женски фармерки.

Машки фармерки

Фармерките се првиот избор на многу мажи, особено на оние кои не обрнуваат премногу внимание на модата и се фокусираат на удобноста и практичноста.

Редовен дел од понудата на машки Том Тејлор фармерки се фармерките со прав крој “Marvin straight“ и фармерките со тесен крој “Josh regular slim“ и “Troy slim“. Достапни се во различни нијанси на сина и сива, а исто така и со избледен изглед. Покрај класичните модели, имаме и фармерки со помодерен и опуштен крој. 

Мажите обично носат фармерки за секојдневните обврски заедно со спортски џемпер, кошула или маичка со интересен дезен. Можностите се бесконечни! Со избирање на соодветниот крој и комбинирање на правилен начин, фармерките може да се носат и за свечени пригоди. За елегантен изглед, носете темни тесни фармерки во комбинација со бела кошула, блејзер, кожен ремен и елегантни чевли.

За да ви помогнеме да ги изберете вистинските фармерки подготвивме водич за купување на машки Том Тејлор фармерки. 


Зошто да одберете Том Тејлор фармерки?

  • Направени се од органски памук, еко-пријателска алтернатива на конвенционалниот памук.
  • Користиме иновативни завршни техники за тексасот, при што 98% од водата повторно се користи во процесот на боење со сина боја.
  • Соодветни се за различни фигури на тело и се удобни за носење.

 

Откријте ја Том Тејлор понудата на панталони, со цени кои почнуваат од 2.449 денари!