ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА НА ВЕБ САЈТОТ
1. АВТОРСКИ ПРАВА
Севкупната содржина објавена на сајтот на TOM TAILOR МАКЕДОНИЈА е во сопственост на ТОМ TAILOR ДООЕЛ Скопје. и во законско дозволените рамки е предмет на авторска заштита или друг облик на заштита на интелектуалната сопственост.
Содржините (текстовите, сликите, логото .......) објавени на веб сајтот можат да се користат исклучително за некомерцијални цели и истите не смеат да се изменуваат, препишуваат, размножуваат, повторно да се објавуваат, да се испраќаат по пошта или на било кој друг начин да се шират во комерцијални цели, без изречна писмена дозвола од страна на ТОМ TAILOR ДООЕЛ Скопје.
Сите репродукции или примероци на содржините од овој сајт мора да ги задржат и сите наведени ознаки за авторските права, другите информации за правата на интелектуална сопственост или информациите за другите права (знакот © 2016 ТОМ TAILOR, ДООЕЛ Скопје е дел од ТОМ TAILOR GROUP). Сите права се задржани.
Брендовите и услугите кои се појавуваат на овој сајт се регистрирани брендови чии што имател или корисник на лиценцата е ТОМ TAILOR, ДООЕЛ Скопје (во продолжение друштвото) или друштвата кои се поврзани со него. Употребата на тие брендови е изречно забранета освен во случаи кои се утврдени со овој текст.
2. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
Содржините на веб сајтот ТОМ TAILOR MАКЕДОНИЈА се објавени исклучително во образовни и информативни цели и истите можат да отстапуваат од фактичката состојба во продавниците.
TOM TAILOR ДООЕЛ Скопје на својата веб страна ќе се труди да обезбеди точни и најнови податоци, меѓутоа и покрај тоа ги предупредува корисниците на сајтот дека објавените текстови се од информативен карактер затоа не гарантира и не превзема одговорност за нивната вистинитост и севкупност. Сите корисници ги употребуваат објавените содржини на своја одговорност.
Ниту ТОМ TAILOR ДООЕЛ Скопје, ниту било кое друго правно или физичко лице кое учествувало при создавањето и настанувањето на веб сајтот не е одговорнo за повремено нефункционирање на веб сајтот, за евентуално неточни информации, па поради тоа ниту не е одговорно за евентуално настаната штета поради употреба на неточни или нецелосни информации, затоа не одговара за ниту еден вид на штета или за настанати немили настани кои би произлегле од овој сајт, а се предизвикани од можноста за достапност и/или употреба и/или невозможноста за употреба на информациите од оваа веб страна и/или за било кои грешки или недостатоци во нивната содржина, без оглед на тоа дали претходно биле информирани за можноста од настанување на таков вид на штета.
Бидејќи на сајтот на ТОМ ТAILOR МАКЕДОНИЈА постојат определени можности за поврзување со други веб страни кои немаат никаква врска со ТОМ ТAILOR Лесце д.о.о. и врз кои што ТОМ ТAILOR ДООЕЛ Скопје нема никаков надзор, ТОМ ТAILOR ДООЕЛ Скопје не може да гарантира, ниту да ги прима или посредува жалбите кои се однесуваат на точноста на содржините на било кој сајт и не превзема никаква одговорност за заштита на податоците на тие сајтови.
TOM TAILOR ДООЕЛ Скопје го задржува правото било кога и било каде делумно или во целост да ги измени, додаде или отстрани содржините објавени на сајтот на ТОМ ТAILOR МАКЕДОНИЈА, без оглед на причината и без предходно предупредување. Сите корисници севкупната објавена содржина ја употребуваат на своја одговорност.
3. КОЛАЧИЊА
Нашиот сајт користи колачиња. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се забележуваат во вашиот компјутер при посетата на нашиот сајт и не се штетни за вашата програмска опрема. Колачињата може било кога да ги отстраните или пак да го подесите пребарувачот да не ја дозволува нивна употреба.
Употребата на колачињата на територијата на Европската унија (ЕУ) е уредена со Директива за приватност и електронска комуникација 2002/58/ES, чии што член, кој се однесува на колачињата и сличната технологија беше изменет со Директивата 136/2009.
Во словенечкото законодавство употребата на колачиња е уредена со Законот за електронски комуникации односно ZEKom-1 (Службен весник, бр. . 109/2012), чии што 157 член е всушност правна основа за основната грижа за приватност на корисниците на сајтовите.
3.1. СПИСОК НА УПОТРЕБЕНИ КОЛАЧИЊА
колаче | траење | опис |
__utmz | 6 месеци | Статистика на погледи на сајтот |
__utmc | до крајот на состанокот | Статистика на погледи на сајтот |
__utmb | 30 минути | Статистика на погледи на сајтот |
__utma | 2 години | Статистика на погледи на сајтот |