ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ПОЕДИНЦИ ВО ТОМ ТАИЛОР ДООЕЛ СКОПЈЕ

I. ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА КОНТРОЛОРОТ НА ПОДАТОЦИ


ТОМ ТАИЛОР ДООЕЛ Скопје, “Владимир Полежиновски, 27-1“, Центар, 1000 Скопје, Македонија основана во 2014 година, е трговско претпријатие со приближно 120 продавници. ТОМ ТЕЈЛОР ГРУП, на македонскиот пазар претставен од ТОМ ТАИЛОР ДООЕЛ СКОПЈЕ, е еден од најголемите модни малопродажни ланци во светот. Нашите брендови се синоним за висококвалитетно искуство, поставување на модни трендови и релаксиран пристап кон животот. Ние, исто така, сме  посветени на почитување на приватноста на нашите клиенти и заштитата на нивните лични податоци. Во денешно време, водењето бизнис е неизбежно поврзано со обработка на лични податоци. Ние ќе побараме да ги споделите вашите лични податоци за да ја направиме нашата понуда приспособена, пристапна и со ваша дозвола, прилагодена врз вашите потреби и интереси. Организираме и наградни игри, доделуваме различни купони за попуст и други бенефити.

Споделените лични податоци ќе бидат чувани, користени и обработувани согласно позитивните законски одредби во Република Северна Македонија односно согласно Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05; 103/08; 124/10; 135/11;43/14; 153/15;99/16 и 64/18), Правилник за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци ("Службен весник на Република Македонија" бр.38/09 и 158/10) како и сите останати законски и подзаконски акти кои што ја третираат оваа тематика.

II. ВИЗИЈА ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ.


Том Таилор Дооел Скопје е доверлив чувар и обработувач со лични податоци. Ние ја сфаќаме приватноста и ја почитуваме.

III. ЛИЧНОСТ ОВЛАСТЕНА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Овластена личност за заштита на личните податоци во Том Таилор Дооел Скопје, достапна на е-маил на [email protected]. Лицата чии што податоци се обработуваат можат да стапат во контакт со овластеното лице за заштита на личните податоци за какви било причини поврзани со обработка на нивните лични податоци како и за остварување на своите права како што се уредени во одредбите за заштита на податоците.

IV. ЦЕЛТА И ПРАВНАТА ОСНОВА НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

а) Том Таилор Дооел Скопје ги обработува личните податоци на нивните клиенти во рамките и со цел да исполнува купопродажни договори за добра и услуги и исто така, со цел да склучува договори во преговорната фаза, по добивањето на понуда од индивидуи. Во случај на поплаки за добрата уредени во согласност со корисничките права, корисникот мора да приложи фактура која ја индицира продажбата, неговото/нејзиното лично име и информации за контакт, адреса на живеење и е-мејл адреса. Овие податоци ќе бидат употребени за одлучување во врска со робата со грешка или заменувањето со исправна роба во случаеви кога контролорот тоа го дозволува.

Ако Том Таилор Дооел Скопје, по молба на клиентот, резервира определен продукт, истиот го задржува или порачува, соодветната компанија ги обработува личните податоци како името, адресата, е-маил адреса и број на мобилен телефон од клиентот – со цел да обезбеди известување за пристигнувањето на продуктот за подоцна да дојде до склучување на договорот (купопродажба).

Врз основа на договорот, Том Таилор Дооел Скопје исто така ги обработува личните податоци на сите оние кои се претплатени на нивниот билтен. Податоците кои се собрани со цел да се остварат правата и обврските на сите кои се претплатени на билтенот, а потоа се процесирани за истата цел, се детално дефинирани во Правилата на соработка, објавени на веб-страната tom-tailor.mk.

Врз основа на договор Том Таилор Дооел истотака ги обработува личните податоци на неговите вработени кои се потребни за воспоставување и остварување на правата и обврските настанати од работниот однос и личните податоци на други колеги кои се поединци (и не извршуваат економски дејности на пазарот) до степенот утврден во Законот за работните односи во Република Северна Македонија.

б) Том Таилор обработува лични податоци на поединци кои што лични податоци во определени случаи со закон е должен да ги предаде до државните власти (како Управата за Јавни Приходи на Република Северна Македонија и разни инспекциски служби, судови и сл.) и други контролори (како Фондот за Здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Агенцијата за Вработување на Северна Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, Централниот регистар на Република Северна Македонија и сл.) да ги извршуваат нивните или своите правни обврски и одговорности.

в) Врз основа на јавниот интерес, Том Таилор Дооел Скопје обработува лични податоци со цел да ги намали ризиците од напад врз својата веб-страна (обезбедување на безбедност на информации, минимизирање на ризици поврзани со неовластен пристап до важни деловни информации, лични податоци и информациски системи на Том Таилор Дооел Скопје) и за други цели. Во врска со пристапот кон веб-страната, Том Таилор Дооел Скопје ги надгледува податоците на серверот кои можат да послужат за идентификување (компјутерски IP адреси, датум и време, посетени страници). Заедно со намалувањето на ризикот од напади и неовластен пристап, овие податоци можат да бидат користени и за аналитички и статистички цели. Том Таилор Дооел Скопје обработува легално собрани податоци со цел да спроведува разни анализи и статистики потребни за верификување на точноста на бизнис одлуките и планирање на нови одлуки.

г) Во определени случаи Том Таилор Дооел Скопје бара неговите клиенти и други лица (вклучувајќи ги и кандидатите за вработување) да потпишат Изјава согласно Законот за заштита на личните податоци за обработка на нивните лични податоци и со цел да се формираат и поднесат приспособени понуди за добра, услуги и вработување во согласност со нивните интереси, способности и сл. Овие видови на лични податоци се изречно наведени во поканата за давање на согласност и се разликуваат во зависност од категоријата на лица (клиенти, членови на клубови за лојалност, кандидати за вработување). Исто така, Том Таилор Дооел Скопје ги прашува своите клиенти и други лица (посетители на веб-страната) да дадат согласност за обработка на нивните лични податоци со цел да се испрати билтен за нови артикли во продажната програма, продажни програми во рамките на Том Тејлор Дооел Скопје, различни настани и истотака согласност за испраќање на билтен за продажните програми на бизнис партнерите на Том Таилор Дооел Скопје. Во овие случаеви, личните податоци се обработуваат во согласност со изјавата на лицето која укажува на дозволената рамка на лични податоци, цел и комуникациски канали кои се одобрени се до отповикувањето на оваа согласност.

Доколку лицето е помладо од 16 години, соодветната согласност ќе биде дадена од страна на неговите/нејзините родители или старатели.

д) Обработка на личните податоци на посетителите на веб-страната на Том Таилор Дооел Скопје е ограничена од нивната согласност, освен во делот на обработката на лични податоци потребни за ракување со веб-страната (на пример Најавување, процес на купување и сл.) Обработка на личните податоци со Колачиња се одвива врз основа на согласност објаснета во детали на овој линк: https://www.tom-tailor.store/mk/корисни-линкови/колачиња

V. КОРИСНИЦИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ПОТЕНЦИЈАЛЕН ТРАНСФЕР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СПРЕМА ТРЕТИ ЗЕМЈИ

Покрај Том Таилор Дооел Скопје, лични податоци во негово име и за негова сметка се обработуваат од договорни обработувачи на лични податоци, вообичаено партнери кои овозможуваат имплементација на деловни услуги, ИТ поддршка во обработка на лични податоци, агенции за онлајн рекламирање или било какви други директни маркетинг услуги, и даватели на услуги за деловна анализа.

VI. ПРАВА НА ИНДИВИДУИТЕ

Со писмено барање испратено на адреса: Том Таилор Дооел Скопје, “Владимир Полежиновски, 27-1“, Центар, 1000 Скопје, Mакедонија лицето може да побара пристап, дополнување, корекција, блокирање или ограничување на обработката на податоците или бришење лични податоци, да се спротивстави на обработката на личните податоци што се обработуваат во врска со него или да побара трансфер на податоци. Лицето може, во целост или делумно, да ја отповика согласност за обработка на лични податоци во секое време, трајно или привремено, со испраќање на писмено барање на адреса: Том Таилор Дооел Скопје, “Владимир Полежиновски, 27-1“, Центар, 1000 Скопје, Mакедонија или [email protected] или може да уреди давање на согласност на веб-страната www.tom-tailor.store/mk. Одземањето на согласноста нема да влијае на законитоста на извршената обработка врз основа на согласноста дадена до нејзиното повлекување.

Лицето има право да поднесе претставка до Дирекција за заштита на личните податоци ако тој/таа верува дека неговите лични податоци се зачувани или на друг начин се обработени спротивно на важечките регулативи со кои се уредува заштитата на личните податоци.

VII. ПЕРИОДИ НА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Том Таилор Дооел Скопје ќе ги обработува личните податоци до степен, неопходен за спроведување на целта на обработката и онолку долго, колку што е потребно за да се постигне целта што се спроведува.

Личните податоци се обработуваат сè додека не се исполни целта или во рокот за ограничување утврден за обврските што можат да произлезат од обработката на соодветните лични податоци, особено кога е неопходна обработка на лични податоци во контекст на склучување или извршување на договорот, освен во случаи кога периодот на задржување на личните податоци е утврден со закон. Во последните случаи, Том Таилор Дооел Скопје ги чува податоците согласно законските обврски.

Датум: 23. мај, 2018