ВОДИЧ: Том Тејлор машки фармерки за сите фигури

Фармерките дефинитивно се дел од секој машки гардеробер. Тие се вистинскиот избор за различни пригоди и едноставно решение за оние кои немаат многу волја за креирање модни комбинации. Фармерките првично се сметале за работна облека која треба да е издржлива и затоа не било важно како изгледаат. Сепак, како што стануваат моден тренд, така и нивните кроеви и стилови се подобруваат. Повеќето мажи преферираат удобност кога се во потрага по фармерки, па се случува да купат модел кој воопшто не им прилега. Најчесто, станува збор за фармерки кои се со многу широк крој, што прави мажите со крупна градба да изгледаат уште покрупно, додека пак оние кои се поситни се губат во нив. Кога одбирате фармерки, мора да ги имаме предвид и удобноста и соодветниот крој, воедно пробувајќи да ги избалансираме. Затоа, Том Тејлор приготви водич за вас кој ќе ви помогне да ги пронајдете вистинските фармерки.

КРОЈ НА ФАРМЕРКИ

Како и кај жените, правиот крој на фармерки помага во креирање на силуета кај мажите. Според кројот, фармерките може да бидат многу тесни, тесни, прави, со ѕвонести ногавици, со стеснување кон глуждот на ногата и широки. 

 

ДОЛЖИНА НА ФАРМЕРКИ

Генерално, фармерките треба да бидат доволно долги за да достигнат до горниот дел на стапалото, каде што може да се акумулираат неколку мали набори ткаенина, а истовремено, треба да бидат доволно кратки за нивниот раб да не се допира до земјата. Сепак, треба да ги имаме предвид трендовите на фармерки како исечени, со манжетни или пак набрани, односно, должината во голема мера е прашање на личен избор.

 

ВИСИНА НА ФАРМЕРКИ

Висината на фармерките одредува колку високо ќе бидат поставени истите во пределот на колковите и половината. Го означува растојанието од средината на работ кај препоните до врвот на појасот.

Фармерките можат да имаат: 

  • ВИСОК СТРУК: Половината на фармерките најчесто се наоѓа над папокот. Фармерките со висок струк нема да ви одговараат доколку сакате да ја вметнете кошулата во нив, затоа што се премногу високи.
  • СРЕДЕН СТРУК: Исто така викан и нормален струк, затоа што ваквите фармерки стојат на природен појас, веднаш до папокот. Прилегаат на сите облици и телесни фигури и се најсоодветни доколку сакате да ја вметнете вашата кошула во нив.
  • НИЗОК СТРУК: Фармерките стојат на колковите, неколку сантиментри под папокот. Со вакви фармерки, вашиот изглед делува малку поопуштен.

КАКО ЈА ОДРЕДУВАМЕ ГОЛЕМИНАТА?

Не ви е сосема јасно што значат двете бројки најчесто дадени како големина на фармерките? Ќе ви објасниме преку пример за фармерки со големина 32/34. Бројот 32 означува ширина или конфекциска вечичина М, додека бројот 34 ја означува должината на фармерките. За да бидете сигурни дека ќе ја одберете вистинската големина, ве советуваме да се измерите. Најпрво, потребен ви е обемот на половината и колковите (ширина), а потоа должината на рабовите (должина). Рабовите се протегаат од спојот на меѓуножјето до работ на ногавицата, мерено на фармерки кои веќе ги поседувате и ви прилегаат совршено. Врз основа на добиените мерки, прочитајте ја големината од табелата со величини. 

Подолу ќе ви претставиме кои модели машки фармерки може да ги пронајдете во понудата на Том Тејлор, како и ќе споделиме неколку трикови за избор на вистинскиот модел.

МОДЕЛИ

МНОГУ ТЕСНИ (SKINNY) ФАРМЕРКИ

Многу тесните, “skinny" фармерки се прилепени по целата должина на нозете, до глуждовите, и имаат тесен отвор за стапалата. 

 

ТЕСНИ (SLIM) ФАРМЕРКИ

Том Тејлор машките тесни фармерки се малку потесни во пределот на листот на ногата, колената и бутовите, додека во пределот на глуждовите се малку поопуштени. Во споредба со многу тесниот (skinny) крој, дозволуваат повеќе простор по целата доллжина на нозете.

 

ФАРМЕРКИ СО ПРАВ КРОЈ

Фармерките со прав крој се популарна класика помеѓу машките фармерки и одговараат за сите оние кои не се љубители на премногу тесен крој. Овој крој е со низок или среден струк, а кројот на ногавиците е прав од колковите до глуждовите и имаат солиден отвор за нозете на крајот на ногавиците. Делуваат опуштено, но сепак, одлично скроени и соодветни за различни пригоди.

 

КЛАСИЧНИ ФАРМЕРКИ

Слични со фармерките со прав крој и исто така имаат прав крој, но за разлика од нив, малку се потесни во пределот на бутовите.

СОВЕТИ ЗА МАЖИ

Мажите со понизок раст треба да избегнуваат фармерки со низок струк, затоа што тие визуелно ги скратуваат нозете.

Фармерките со висок струк и премногу тесните фармерки не се соодветни за високи мажи, затоа што визуелно ги продолжуваат нозете уште повеќе. Најдобар избор би биле фармерки со низок или среден струк со тесен крој (слим модел).

За мажите кои имаат рамна и витка фигура (правоаголен облик, тесни раменици, прави гради, витки мускули), највеќе прилегаат фармерки со низок струк и прав крој. Премногу тесните фармерки треба да се избегнуваат, затоа што тие премногу ги нагласуваат нозете. Исто така, треба да се избегнубаат и фармерки со премногу опуштен крој, затоа што витките момци едноставно ќе се изгубат во нив.

Мажите со атлетска градба (трапезоидна фигура; тесен струк; мускулести нозе и задник) треба да одберат фармерки со низок струк кои се со тесен, слим  или со прав крој.

За многу мускулесета фигура (форма на превртен триаголник; набиеност; многу широки рамења; силни нозе), често се случува фармерките со прав крој да делуваат премногу тесно. Најсоодветен избор би биле класичните кроеви со пошироки ногавици, кои дозволуваат доволно простор за силните бутови и се стеснуваат во пределот на глуждовите. 

Покрупните мажи треба да одберат фармерки со опуштен крој и широки, прави ногавици. Треба да се избегнуваат тесни и многу тесни фармерки.