ВОДИЧ: Том Тејлор женски фармерки за сите фигури

Фармерките дефинитивно се незаменлив дел од женската гардероба. Ова безвременско модно парче се носи од најголемите модни ентузијасти, како и од оние кои повеќе преферираат удобност. Со оглед на тоа што денес имаме голем и разновиден избор модели, купувањето на вистинските фармерки може да биде вистински кошмар за многумина. Најверојатно секоја жена се нашла во ситуација некој модел фармерки многу да и се допаѓа. но подоцна излегло дека не и прилегаат добро и ги нагласуваат сите оние “маани“ кои таа сака да ги прикрие. Кога одбираме фармерки, важно е да пронајдеме баланс помеѓу удобноста и кројот кој ни прилега на нашата фигура. За шопингот на фармерки да е уште поубава активност, Том Тејлор приготви водич кој ќе ви помогне да ги пронајдете вистинските фармерки за кои ќе бидете навистина возбудени.

 

КРОЈ НА ФАРМЕРКИ

Вистинскиот крој на фармерки може да направи чуда, затоа што ни помага да креираме силуета. Распознаваме различни кроеви - многу тесни (skinny), тесни или слим, со прав крој, со ѕвонаст крој (ѕвонаст облик , кореви "flared" и "bootcut"), широки (со широки ногавици или пократки, во килоти стил) и опуштен крој (во стил на машки фармерки; широки; во стил на мајка)

 

 ДОЛЖИНА НА ФАРМЕРКИ

  • CROPPED“ ФАРМЕРКИ  имаат пократки ногавици кои завршуваат 2 до 5 цм над глуждовите.
  • ДО ГЛУЖД: Ногавици веднаш над или до глуждовите.
  • НОРМАЛНА ДОЛЖИНА: Во зависност од висината на индивидуата, ногавиците со нормална должина варираат помеѓу глуждот и подот кога фармерките се пробуваат со боси нозе. 
  • "ВИСОКИ ФАРМЕРКИ" или ПРОДОЛЖЕНА ДОЛЖИНА: Соодветни за високи жени.

 

ВИСИНА НА ФАРМЕРКИ

Го означува растојанието од средината на работ кај меѓуножјето до врвот на појасот и игра важна улога во тоа како фармерките ќе стојат на телото.

  • НИЗОК СТРУК или МАЛА ВИСИНА: Фармерките стојат ниско на колковите, неколку сантиментри под папокот. Соодветни за оние со кратко торзо и долги нозе, затоа што визуелно го издолжуваат торзото. 
  • СРЕДЕН СТРУК: Овие фармерки се на висина помеѓу колковите и папокот, најчесто 1 цм над него. Прилегаат на сите облици на тело. 
  • ВИСОК СТРУК: Фармерките се на ниво на папокот или минимално над него. Одлични се за креирање илузија на струк, помагајќи да се сокрие дел од стомакот и визуелно да се издолжат нозете.

КАКО ЈА ОДБИРАМЕ ГОЛЕМИНАТА?

Не ви е сосема јасно што значат двете бројки најчесто дадени како големина на фармерките?  Ќе ви објасниме преку пример за фармерки со големина  27/32. Бројот 27 означува ширина или конфекциска величина “S“ (36), а бројот 32 - должината на фармерките. Најсигурниот начин е да го измерите обемот на половината и колковите (ширина) и должината по рабовите (должина на фармерките. Рабовите се протегаат од спојот на меѓуножјето до работ на ногавицата. Мерете на фармерките кои веќе ги имате и ви прилегаат одлично. Врз основа на добиените мерки, прочитајте ја големината на таблата со величини. 

Подолу ќе ви претставиме кои модели женски фармерки може да ги пронајдете во понудата на Том Тејлор, како и ќе споделиме неколку трикови за избор на вистинскиот модел.

МОДЕЛИ

МНОГУ ТЕСНИ (SKINNY) ФАРМЕРКИ

Женските “skinny" фармерки се многу тесни во пределот на бутовите и задникот, долж целата нога, до глуждовите. Благодарение на растегливиот материјал, удобни се за носење и се припиваат кон телото. 

 

ТЕСНИ (SLIM) ФАРМЕРКИ

Тесните фармерки веќе не се толку многу тесни. Тие прилегаат припиено на телото во пределот на бутовите и задникот, додека малку се поопуштени по должина на нозете и не се тесни на глуждовите. Том Тејлор тесните фармерки ќе прилегаат на вашето тело на најприроден можен начин.

 

ФАРМЕРКИ СО ПРАВ КРОЈ

Том Тејлор фармерките со прав крој се смета дека се најкласичниот модел. Имаат прав крој на ногавица, со иста ширина по целата должина на ногата. Малку се потесни во пределот на бутовите, додека во пределот на листот и глуждовите се малку поопуштени. Фармерките со прав крој се безвременски и многу удобни за носење. Нивната главна предност е тоа што се соодветни за сите телесни градби затоа што ја балансираат силуетата. 

КЛАСИЧНИ ФАРМЕРКИ

Помеѓу фармерките со класичен крој ќе пронајдете килоти фармерки со висок струк и многу широки ногавици со должина до глужд, како и фармерки со висок струк со широки ногавици. 

 

ФАРМЕРКИ СО ШИРОК КРОЈ

Изборот на фармерки со широк крој вклучува модерни кроеви како  фармерките од мајките (“mom" jeans) и фармерките со широк крој. Фармерките од мајките имаат многу висок струк и широки, вреќасти ногавици.  Овој модел беше многу популарен во доцните '80ти и раните '90ти, а моментално повторно се актуелни. Фармерките со широк крој се многу широки и овозможуваат многу простор во пределот на бутовите, додека долниот дел од ногавиците малку се стеснува во пределот на глуждовите. 

 

ФАРМЕРКИ СО ОПУШТЕН КРОЈ

Помеѓу фармерките со опуштен крој се вбројуваат т.н. “tappered“ фармерки, чии ногавици постепено се стеснуваат кај глуждовите, како и фармерките со широки ногавици, кои имаат висок струк и многу широки ногавици.

СОВЕТИ ЗА ЖЕНИ

Фармерките со прав крој се соодветни за сите обллици на тело.

Тесните и многу тесните модели ги нагласуваат витките нозе. 

Доколку поголемиот дел од вашата тежина е концентрирана во горниот дел на телото (поголеми гради, стомак), фармерките со средно-висок струк ќе ви прилегаат најдобро. Исто така, може да се одлучите и за висок струк, но во тој случај ногавиците треба да се пошироки или во облик на ѕвонче, затоа што ова ќе ви помогне да креирате подобра силуета.

Доколку имате мало торзо, но вашите колкови, бутови и задник имаат облини, одберете фармерки со висок струк - тие ќе ја нагласат вашата природно тенка половина, и со ѕвонасти ногавици, кои фино ќе ги избалансираат вашите облини. Одлучете се за потемни бои, избегнувајќи декорации на колковите и премногу тесен крој во пределот на бутовите со низок струк. 

Малите џебови на задникот ќе направат тој да изгледа поголем.

Доколку вашите колкови се тесни и немате облини на долната половина од вашето тело, можете оптички да ги креирате со поопуштен крој (“boyfriend“, “mom jeans“, широк крој) и широки ногавици

За високите и витки жени, најдобар избор се фармерки со низок или средно-висок струк. 

Доколку сте пониски и сакате да изгледате повисоко, одберете фармерки со должина до глужд и висок струк. Избегнете премногу опуштени, вреќасти кроеви и премногу долги ногавици.