Skinny крој
Фармерките со многу тесен крој (skinny jeans) совршено стојат на телото, цврсто опфаќајќи ги бутовите, задникот и целосната должина на нозете до глуждовите. Прилегаат како втора гожа, затоа што се направени од растеглива ткаенина со додаден еластин. Совршен избор се за самоуверените жени кои сакаат да ги нагласат своите облини.
Том Тејлор нуди широк избор на фармерки со многу тесен крој, изработени до совршенство. Од практични со пет џеба, елегантни без џебови до "ripped" модел со вистински карактер. Достапни се со различни должини (целосна должина, должина до глужд), со различна висина на струк и во широка палета на бои.
Совршено се комбинираат со кожена јакна и чизми, шик блуза или удобен дуксер. Том Тејлор многу тесните фармерки се практичен и разнолик моден избор!
Slim крој
Фармерките со тесен крој се слични на фармерките со многу тесен крој, но се за нијанса поопуштени и овозможуваат повеќе слобода на движење. Припиени се во пределот на бутовите и задникот, додека по должината на ногата имаат поопуштен крој, со совршен пад кој не притиска на глуждовите. Покрај ова, сепак овозможуваат убаво оформена силуета, но се поедноставни за соблекување на крајот на долгиот ден.
Том Тејлор женските тесни фармерки комбинираат висококвалитетни материјали, винтиџ "испран" изглед и класични нијанси на сина боја. Достапни се во различни должини соодветни за сите сезони - од стандардна целосна должина, должина до глужд и 7/8 должина.
А што е најшармантно кај фармерките со тесен крој? Нивниот безвременски стил и софистициран дизајн! Овие едноставни, но издржливи фармерки секогаш изгледаат добро, без разлика колку пати ги имате носено.
Straight крој
Трендовите доаѓаат и си заминуваат, но фармерките со прав крој се дел од гардеробата на жените ширум светот со децении.
Се карактеризираат со прави ногавици и рамномерна ширина низ целата нивна должина, со блага припиеност во пределот на бутовите и поопуштен крој околу листот и глуждот. Нивната најголема предност е разноликоста - совршени се за сите фигури на тело, затоа што креираат баланс на силуетата.
Достапни се во голем избор на стилови за да се адаптираат на различни форми на тело. Фармерките со прав крој и висок струк креираат винтиџ изглед кој помага во обликувањето на горниот дел од нозете и колковите, додека фармерките со прав крој и низок струк се поставени во долниот дел на колковите и креираат поопуштен изглед.
Relaxed крој
Фармерките со опуштен крој се синоним за опуштен стил и се совршени за креирање на модни комбинации кои се моментално во тренд. Поопуштениот крој ги прави исклучително удобни за носење.
Во Том Тејлор понудата ќе пронајдете разновидни фармерки со опуштен крој. Одберете "tapered" модел, чиј крој постепено се стеснува кон глуждовите, модел со висок струк и многу широки ногавици, или "culotte" модел со пократки (скратени) широки ногавици.
Овие опуштени кроеви изгледаат добро на сите типови и форми на тело, без разлика дали ги носите пониско на колковите или пак повисоко, на половината. За уште поголема удобност, материјалот е направен со додавање на еластин.
Модна инспирација со Катарина и Брана
Нашите модни креаторки Катарина и Брана составија шест модни комбинации со Том Тејлор фармерки за да ја претстават нивната разноликост. Секоја комбинација раскажува своја приказна - од опуштено и лежерно, до шик и софистицирано. Без разлика дали сте за модерен "тексас на тексас" изглед, женствена елеганција со капут, или пак храбра комбинација на бои, ќе пронајдете модна инспирација за секоја пригода.