Крој
Фармерки - безвременско модно парче кое го обожуваме! Носени од млади и стари, жени и мажи, модни ентузијасти и оние кои ја ценат удобноста. Незаменлив дел од гардеробата и совршен избор за разновидни пригоди. Денес, иборот на фармерки е толку широк што едноставно е да се изгубите додека го барате вистинскиот модел. Клучот за пронаоѓање на совршениот пар фармерки е во изборот на вистинскиот крој. Добриот крој може да направи чуда нагласувајќи ги нашите атрибути, креирајќи убава силуета и прикривајќи ги несовршеностите. Том Тејлор го знае ова многу добро и затоа нудиме широк избор на фармерки со различни кроеви од кои со сигурност ќе го пронајдете вашиот совршен пар!
Одржливост и материјали
Процесот на правење на фармерки може да има значајно влијание врз животната средина. Започнува со одгледување на памук, кој бара големи количини вода. Исто така, голема количина на вода се употребува во производството и во финалната обработка на тексас ткаенината.
Том Тејлор е посветен на поодржлива мода и токму затоа даваме приоритет на еко-пријателски материјали:
Органски памук
Се произведува со употреба на природни методи, без користење на хемиски ѓубрива или пестициди. Во споредба со одгледувањето на конвенционалниот памук, за органскиот памук потребно е помалку вода и енергија.
Рециклиран памук и рециклиран полиестер
Употребата на рециклирани материјали има значајно влијаније врз намалувањето на количината отпад која ја креираме.
TENCEL™ Lyocell влакна
Ова се иновативни, одржливи влакна од целулоза кои имаат речиси исти својства како памукот.


Големина
Се прашувате што означуваат двата броја кои вообичаено ги има на фармерките? Ќе ви објасниме со пример за женски фармерки со големина 27/32. Бројот 27 ја означува ширината или бројот на облеката, или во овој случај "S" големина (36), додека бројот 32 ја означува должината на ногавицата на фармерките, мерено по внатрешниот раб.
Најсигурниот начин да ја пронајдете вистинската големина е да ги измерите струкот и колковите (за ширина) и должината на внатрешниот раб (за должина) на фармерки кои веќе ги поседувате и ви стојат добро. Потоа, споредете ги мерките со табелата со големини за да ја пронајдете вашата идеална големина.