Пролетното сонце станува потопло и време е да кажеме довидување на зимската облека. Подебелите зимски јакни и плетени артикли полека се заменуваат со полесни модни парчиња кои може да се носат слоевито и да се комбинираат едни со други.
Класичните јакни и преодните мантили во различни бои се совршеното почетно парче за разновидни модни комбинации на почетокот на пролетта. Разиграјте ги модните комбинации со елек, џемпери и маици, воедно имајќи ја предвид одржливата мода. Пролетните модни трендови ја ставаат одржливата мода во преден план.
Од аспект на одржлива мода, едноставните алишта, направени од одржливи материјали и со класични кроеви, станаа сѐ попопуларни во последните години. Ваквиот вид облека не само што е практичен и разновиден, туку и прилега на различни телесни фигури.
Одржливи материјали
Преку иницијативата БИДИ ДЕЛ, Том Тејлор охрабрува одржливо однесување. Долги години Том Тејлор ја гради својата понуда преку внимателна селекција на одржливи материјали. Одбраниот органски памук, рециклираниот полиестер и органската вискоза се важен чекор кон заштита на животната средина, спречувањето на загадување и исцрпувањето на важни природни ресусри.
Разновидни класични модни парчиња
Од аспект на заштита на животната средина, купувањето на одржлива облека е вистинскиот начин, затоа што две од три класични модни парчиња може да се комбинираат заедно на различен начин. Со модни додатоци или одбрани обувки, овие модни парчиња стануваат уникатен израз на секоја индивидуа. Затоа, вечните класици се секогаш добар избор!