Биди дел

БИДИ ДЕЛ од ПООДРЖЛИВА МОДА. НИЕ СМЕ ДЕЛ од новата доба на модната индустрија која е свесна за своето влијание врз средината. Сакаме промена. Свесни сме за нашата одговорност кон општеството и средината. Се стремиме да ја трансформираме нашата понуда и индиректно, модната индустрија.

Сакаме да работиме со вас за да го направиме нашиот отпечаток попријателски кон средината, па затоа оваа година ви претставуваме четири поеколошки иницијативи кои ги следиме при дизајнирање на нашите модни колекции: БИДИ ДЕЛ ОД ПОМАЛКУ, БИДИ ДЕЛ ОД ПОДОБРО, БИДИ ДЕЛ ОД ФЕР и БИДИ ДЕЛ ОД ПОВЕЌЕ.

БИДИ ДЕЛ ОД ПОМАЛКУ

Вистинскиот деним е направен од памук, а за производство на памук за еден пар фармерки потребни се 1.500 литри вода. Производите од колекцијата “БИДИ ДЕЛ ОД ПОМАЛКУ“ се направени од поодржлива памучна алтернатива, од органски памук. Интегрираното производство користи 88% помалку вода и 62% помалку енергија во споредба со производството на фармерки со стандарден памук.
 
Дали знаете дека илјадници галони вода се користат за да се добие вистинската сина деним нијанса? Се погриживме и за ова! Користиме техника во чии рамки 98% од водата се употребува повторно. Голема количина вода, поточно 125 литри, исто така се користи и при креирање на ефектот на “износеност“ на фармерките. Во ова поле исто така се погриживме да сме попријателски настроени кон животната средина и се насочивме кон користење на нови техники наречени “ozone wash“ или перење со озон, без користење на една единствена капка вода.

БИДИ ДЕЛ ОД ПОДОБРО

Органскиот памук е пријатен, мек, воздушест материјал кој и одговара на кожата. Како што имаме пишувано и претходно, при одгледување на памукот се потребни огромни количини вода. Затоа, во 2016 година, Том Тејлор се приклучи кон непрофитната организација “Иницијатива за Подобар Памук“ (Better Cotton Initiative), која соработува со локални партнери и ги едуцира како да се дојде до памук со помалку вода и помалку штетни хемиски супстанци.

Како уште една важна новина, ви ја претставуваме еколошката вискоза креирана од влакна од целулоза. Овие влакна, направени на основа од дрво, се природни и безопасни кон животната средина. Нашата вискоза е креирана во компанијата “LENZING ™ ECOVERO ™“, која има развиено процес на одржливо производство во чии рамки поголемиот дел од водата и хемикалиите се рециклираат. Во споредба со производството на обичната вискоза, нивното производство на еколошка вискоза има 50% помалку емисии и 50% помала потрошувачка на вода.
 
Како трето, ви го претстауваме рециклираниот полиестер, кој се разликува од обичниот во тоа што е направен од искористени шишиња и отпад. Како резултат, за производството на рециклиран полиестер се потребни 30 до 35% помалку енергија за разлика од стандардниот полиестер. Со оваа активност се помага кон намалување на отпадот и загадувањето на средината.

БИДИ ДЕЛ ОД ФЕР

Добросостојбата на луѓето кои ја прават нашата облека е од суштинско значење за нас. Посветени сме на Кодексот на однесување на “BSCI“, заснован на конвенциите и стандардите на Декларацијата за човекови права на ОН, “ILO“ и Водечките Принципи за Бизнис и Човекови Права. Сите наши добавувачи мора да бидат потписници на овие документи. Дополнително, ги информираме сите наши деловни партнери и релевантни вработени за нашиот етички кодекс, нагласувајќи нулта толеранција за каква било форма на корупција и земајќи ја предвид усогласеноста со важечките правила и обврски во секоја земја каде што работиме. Том Тејлор води посебен процес каде деловните партнери и вработените можат анонимно да пријават потенцијални прекршувања. Секој извештај се третира внимателно и одговорно.

Како и повеќето модни брендови, ние не ги поседуваме фабриките каде што се произведува нашата облека, но се стремиме да обезбедиме сите вклучени во овој процес да имаат безбедна, фер и еднаква работна средина. За да се осигураме дека добавувачите и производителите ги исполнуваат нашите работни услови, политиката за животна средина, стандардите за здравје и безбедност, редовно спроведуваме најавени и ненајавени инспекции.

Бидејќи се грижиме за животните, преработката на одредени материјали од животинско потекло е забранета и е составен дел од нашиот прирачник „Социјална усогласеност и материјални ограничувања“. Затоа, нашите производи не содржат пердуви добиени со живо, вистинско крзно, школки, кожа од индиски крави или кожа од загрозени видови. До 2025 година сакаме да обработуваме исклучиво волна која е сертифицирана според „Стандардот за одговорна волна“.

БИДИ ДЕЛ ОД ПОВЕЌЕ

Одржливоста е дел од нашата корпоративна култура, затоа ја мотивираме Том Тејлор заедницата да стане дел од движењето БИДИ ДЕЛ. За таа цел, домаќини сме на нашите „зелени разговори“, каде во фокусот се теми како напредокот во постигнувањето на одржливите цели на нашата компанија, иновативните идеи презентирани од нашите говорници и глобалните климатски промени.

Сè за вода - Вода за секого
Домот на Том Тејлор е во близина на морето, па водата отсекогаш била наша инспирација. Водата е извор на животот. Одговорното користење на нашите природни ресурси е заложба и основа на нашиот “БИДИ ДЕЛ“ менталитет. За да помогнеме во обезбедувањето на овој основен ресурс, се здруживме со добротворната организација “Viva con Agua“ за да ги поддржиме во нивната најнова иницијатива за вода во Индија, со цел да се обезбеди пристап до вода за пиење за 5.000 семејства.

Сметаме дека образованието и транспарентноста се клучни, па затоа постојано ја нагласуваме проблематиката за конвенционалните материјали и процеси и придобивките од поодржливи алтернативи.