Ние користиме колачиња

Веб-страницата користи колачиња за да го подобри корисничкото искуство, да ги следи и анализира посетите и да работи со функционалност што не би била возможна без колачиња. Со кликнување на копчето „Инсталирај ги сите“, се согласувате со нивната инсталација.

Нова пролетна колекција

Ќе ги замениме нашите тешки, “puffer“ јакни со преодни, ќе ја спакуваме дебелата трикотажа и ќе облечеме кратки ракави. Ќе им посакаме добредојде на живописните бои, лесните материјали и разиграните дезени. Време е за пролетна мода!

Том Тејлор ја обожува пролетта затоа што носи радост, позитивна енергија и нова пролетна колекција. Подготвивме широк асортиман на облека и модни додатоци за да го задоволиме и најпребирливиот моден вкус. Ќе пронајдете класични модни парчиња кои се секогаш во мода, како и тренди нови артикли. 

Од лесни јакни и кошули до елегантни фустани, опуштени панталони и разиграни модни додатоци - нашата колекција има сѐ што ви е потребно за да го креирате совршениот пролетен изглед. Ѕирнете што ви подготвивме за оваа пролет.

Женска колекција

Женската колекција се состои од две тематски линии кои заедно креираат пролетна модна приказна.

Првата колекција е инспирирана од сината боја на морето и белите камења, будејќи го чувството на безгрижен одмор. Низ колекцијата се испреплетуваат три дезени: класични риги, суптилни геометриски дезени и апстрактни цветни мотиви. Боите кои преовладуваат се морнарско сина, беж и бела, со живописна розова за допир разиграност.

Втората колекција е именувана "Дива Градина" и ја носи вистинската есенција на пролетта. Изобилува со нијанси на зелена кои потсетуваат на шума и дива вегетација, со допир свежина додадена од нијанси на црвена јагода, нежна ванила и топла грејпфрут нијанса.

Да започнеме со маици. Имаме широк избор на класични дезени со риги, монохроматски маици со кружен израз и специјални верзии како плисираната маица.

Пролетта е време за лесни блузи и кошули. Одберете блузи со “V“ израз со дезени (цветни мотиви, апстрактни геометриски дезени), струкирани блузи, бела кошула од пуплин, шамбреј блуза со фино извезен дезен и блуза во “utility“ стил (големи џебови на градите, подвиткани ракави, поширок крој).

Џемперите и кардиганите се одличен начин да го зачините изгледот. Во понудата опфатени се елегантен кардиган на риги со копчиња и кремаст плетен џемпер со декоративен отворен дезен. Ова се женствени парчиња кои совршено прилегаат со фармерки. За удобност, одберете дуксери и спортски јакни со висока јака. 

Овие горни парчиња едноставно може да се комбинираат со фармерки и панталони достапни во различни кроеви и бои. Препорачуваме “culotte“ фармерки со пократки широки ногавици и елегантни пантолони со прав крој на ногавица.

Женската гардероба не е целосна без фустан и здолниште. Можете да одберете од фустаните во различни кроеви со цветни дезени, фустан и здолниште направени од лесен тексас и плисирани здолништа. Најголемите следбенички на модата ќе бидат импресионирани од сетот блејзер и здолниште од букле кој додава допир софистицираност.

Машка колекција

Машката колекција исто така нуди две тематски линии, секоја импресионирајќи со својата уникатна естетика.

Првата колекција комбинира класична морнарско сина и мистично сина боја во хармонична мешавина која креира чувство на смиреност додека изразува софистицираност и естетска усовршеност. Нијансите на темно зелена додаваат длабочина, додека бојата на праска и лимета даваат допир на свежина. Дезените се инспирирани од модерната архитектура, фокусирајќи се на заоблените линии и елегантните облини.

Втората колекција е фокусирана на летните одмори. Инспирирана е од морето, крајбрежната архитектура и медитеранската вегетација. Палетата на бои опфаќа ментол, бела и нежна небесно сина, придружувани од корално розова и длабоко црвена нијанса за живописен контраст. Дезенот кој се истакнува е дезенот со листови во повеќе бои, кој додава разиграност и динамика.

Пролетта носи широк избор на машки маици со кратки и долги ракави. Во понудата имаме маици во монохроматски стил, маици со отпечатена фотографија, маици на риги, со дезен со листови и нашите препознатливи маици со Том Тејлор лого. Суштински дел од машката колекција се поло маиците кои се синоним за спортска елеганција.

Помеѓу плетените артикли доминираат класичните плетени џемпери со кружен израз, достапни во неутрални бои (беж, сина), живописните пролетни верзии (тиркизно сина) и меланж изглед (разнобојни влакна). Понудата на трикотажа е надополнета со плетени кардигани кои се многу практични и разнолики.

Кога станува збор за клучните модни парчиња, наша прва помисла се машките кошули. Можете да одберете од едноставни монохроматски кошули, карирани кошули и кошули со ситен дезен. Достапни се со струкиран и класичен крој, направени од 100% памук или мешавина на материјали (памук, “lyocell“).

Друго суштинско парче во машкиот гардеробер се фармерките. Подготвивме широк избор на фармерки во различни кроеви - тесни, со прав крој и со широк крој - како и различни бои и тексас со избледен изглед. Изборот на фармерки е надополнет со разноликите чино пантолони.

Оние кои преферираат опуштен и удобен стил ќе бидат воодушевени од понудата на дуксери. Дуксерите со патент се одличен избор за потоплите пролетни денови затоа што може да ја заменат преодната јакна. Пристигнуваат со различни детали, како мали натписи и џеб со патент на ракавот.

Преодни јакни

Главните ѕвезди на нашата пролетна колекција се преодните јакни.

Најдобриот избор за променливото пролетно време се лесните ватирани јакни кои овозможуваат одлична заштита од ветер и дожд. Ватираните јакни се главен дел на нашите пролетни колекции и ги подобруваме секоја година. Достапни се во различни бои, со различни дезени на ватирање, со или без качулка. 

Дамите ќе ги обожуваат елегантните мантили кои оваа година се исто така достапни и во тренди пократка верзија. Кратката “парка“ останува популарен избор, достапна во четири бои. Исто така додадовме и “softshell“ палта, хибридни јакни, тексас јакни, кожени јакни и ватирани елеци.

Хибридните јакни се истакнуваат од машката колекција и стануваат сѐ попопуларни. Моторџиската јакна и јакната - блузон ќе ви дадат тренди изглед, додека оние кои ги преферираат класиците може да се одлучат за јакна од вештачка кожа или за тексас јакна. Исто така, во понудата вклучивме и лесен преоден капут и функционална теренска јакна со голем број џебови.

 

Вашата гардероба нека биде одраз на будењето на природата и опуштеното расположение на пролетта. Време е да блеснете со пролетна мода!