Женски фустани за различни деловни пригоди
Согласно деловниот кодекс на облекување, се преферира жените да носат фустани во понезабележливи бои.
Кога деловниот кодекс на облекување е поопуштен, може да се одберат женски фустани со прерамки, но прерамките треба да се пошироки и отворот на деколтето не смее да биде премногу длабок.
Женските блузи се одличен избор во летните месеци затоа што се лесни и од ткаенини кои пропуштаат воздух. Важно е да се закопчани до горе и не премногу тесни во пределот на градниот кош. Исто така, не треба да бидат провидни.
За деловните жени, долгите кошула-блузи се одличен избор, затоа што нудат удобност и креираат сериозен деловен изглед - како што е и соодветно.
Женските здолништа, согласно деловната етика, треба да се со должина до колената или веднаш над нив. Важно е и здолништето да не е со премногу тесен крој.
Женските панталони во деловниот свет не треба да се премногу тесни. Најдобар избор се панталоните со опуштен крој кои "паѓаат" слободно и му ја овозможуваат на телото удобноста и воздухот кој му е потребен за време на летната топлина.
Пократките стилови на панталони не се соодветни за жените во деловниот свет, иако некои панталони со должина до колената може да изгледаат одлично со елегантна блуза.