Пролетно уредување на гардероберот

Пролетта е најдобриот пероид од годината за инвестирање во нова гардероба, затоа што со будењето на природата, во нас се буди желбата за полесна облека и изложување на нашите рамења на сонце.

Со пристигнувањето на повисоките температури, започнете да одбирате полесна облека која ќе ве служи цела пролет, па се до есен и облекувајте ја во слоеви промислено, во ладните утра и вечери. Ова е исто така вистинското време за купување нови модни парчиња кои ќе внесат свежина во вашиот гардеробер.

Но, при освежување на гардероберот, поголемиот дел од луѓето се соочуваат со проблем: каде да ја стават зимската облека која нема да ја носат во следните неколку месеци?

Време за пролетна гардероба

Пролетната гардероба е доста поразлична од зимската. Пролетната облека е полесна, генерално посветла и често пошарена од зимската.

Секоја година можете да ја освежите вашата пролетна гардероба со купување на неколку избрани модни парчиња во согласност со моменталните модни трендови, кои јасно ќе се истакнуваат од вашата постоечка облека и ќе му дадат на вашиот стајлинг финален допир.

Во спротивно, кога и да сте во можност, одберете класични кроеви и безвременски бои кои може да ги носите од година во година.

Направете простор во шкафот

Пред да направите простор во шкафот за пролетната облека, потребно е соодветно да ја складирате зимската. Не кријте ја облеката во помалку достапните делови на вашиот гардеробер! Доколку сакате зимските алишта да ве служат неколку сезони, мора да се погрижите соодветно да ги складирате.

Складирајте ја зимската облека засебно од летната за полесно да се подготвите наутро. Можете да направите вашите зимски алишта да имаат подолг век со складирање во ладно, суво место каде нема многу влага. Важно е да ги складирате зимските алишта во просторија која е ладна, но не премногу.

Соодветното складирање исто така зависи и од материјалот од кој се направени вашите зимски алишта и колкав временски период нема да ги носите помеѓу сезони, или дали ќе ги носите дури и во потоплите месеци.

Подолу, ви претставуваме мини-водич како да ги складирате зимските алишта согласно намената и материјалот.

Соодветно складирање на зимски капути и јакни

Зимските капути се незаменлив дел од зимската гардероба, но не оставајте ги во гардероберот во текот на целата година. Со оглед на тоа дека потрошивте многу на квалитетен зимски капут, најверојатно сакате да ви трае повеќе сезони. Ако вашиот гардеробер е премногу полн со облека, или доколку ги складирате капутите во пластични кеси, тие може да добијат непријатен мирис и да се изгужваат.

Доколку пак има премногу високо ниво на влажност во апартманот, вашите капути и јакни може да попримат влага. За да го спречите ова, складирајте ги на ладно и суво место.

Капутите и јакните хемиски исчистете ги пред крај на сезоната и закачете ги секое засебно, на своја сопствена закачалка.  Погрижете се да има доволно место помеѓу нив за да може да висат слободно без да се допираат мешусебно, како би избегнале превиткување и згужвување на материјалот и неудобно изненадување кога ќе ги извадите од гардероберот повторно на крај на есента.

Користете средство против молци во гардероберот. Избегнувајте да ги складирате капутите во вакуум кеси, затоа што тие го деформираат обликот на парчето и вашиот омилен капут ќе биде непрепознатлив следната зима.


Доколку ви недостасува простор, зимските капути можете да складирате уредно превиткани во големи пластични кутии за складирање. Најтешките капути ставете ги најдоле, а врз секој ставете слој свиленикава хартија, за да ја заштитите ткаенината.

Иако “puffer“ јакните и другите зимски јакни зафаќаат најмногу простор во гардероберто, не се препорачува да ги спакувате во вакуум кеси долг временски период - на пример, до следната сезона. Причината зошто овие јакни се толку топли е токму во нивниот волумен. Доколку со вакуум ги намалите, овие јакни ќе го изгубат својот облик, како и нивната изолациска функција. Но, овие “puffer“ и зимски јакни може да ги складирате во кутии за складирање без грижиs.

Складирање на волнени џемпери и трикотажа


Бидете многу внимателни при складирање волнени џемпери и други плетени артикли. Волната е многу топол материјал кој може да е осетлив на топлина, па затоа е важно да ги складирате џемперите на ладно, суво место, исто така. Волната исто така не поднесува влажност и брзо може да добие непријатен мирис. Затоа, складирајте ги плетените артикли на ладно, но суво место.
 
Не е паметно да ги складирате џемперите и кардиганите на закачалки, затоа што ткаенината во пределот на рамениците може да се развлече, па затоа се препорачува да ги складирате предиплени. Можете да ги ставите во картонски кутии или пластични контејнери, одвоени со слој хартија.

Исто така, не се препорачува да складирате плетени артикли во вакуум кеси, од неколку причини. На природните материјали како волната им е потребен воздух за да го задржат својот облик. Кога ќе ги извадите од кесата на крај на летната сезона, може да го променат својот облик. Кардиганите со копчиња или џемперите со шиени декорации, како монистри или апликации, може да остават отпечатоци на материјалот кои дефинитивно не ги посакувате.

 

 

Блејзерите се облека која може да ја носите цела година

 

Можеби ги сметате блејзерите за зимско парче, но фактички тие се разновидни доволно за да се носат во било кој период од годината, во многу комбинации. Затоа блејзерите треба да останат во гардероберот во текот на целата година. Во пролет, можете да ги носите нив наместо преодна јакна, а во потоплите месеци, блејзер пријатно ќе ја надополни вашата летна комбинација во свежите вечери.

Секогаш складирајте ги блејзерите на закачалки, а секогаш оставајте доволно простор помешу нив за материјалот да “дише“ и да не се изгужва. Ништо не е толку непријатно како изгужван деловен изглед.

Донирајте го она што не го носите веќе

 

Секој од нас има парче облека кое никогаш не го носи, а истовремено не сака да го фрли. Во насока на одржлива мода, препорачливо е да ги донирате или да ги продадете добро зачуваните парчиња облека на продавница за половна облека.


Одвојте време и поминете низ вашиот гардеробер, исперете ја вашата зимска гардероба, испеглајте ја и вратете ја назад во гардероберот, согласно логиката на носивост соодветно на сезоната. Складирајте ги есенските алишта засебно од топлите зимски алишта. Можете да ги сортирате и по боја. На овој начин, ќе ви биде поедноставно во есен, кога е време да ги спакувате вашите летни алишта и да посегнете по топлата облека повторно.

Придружете се на Том Тејлор семејството и добијте голем број поволности и практични модни совети!