Нова пролетна колекција

Деновите стануваат подолги, што значи кажуваме “до гледање“ на зимските месеци и ја поздравуваме пролетта. Природата се буди и се менува во прекрасни бои, а ние ги заменуваме гломазните зимски алишта со полесна, пролетна облека.   

Пролетта е време за нова Том Тејлор пролетна колекција. Повторно инспирацијата ја пронајдовме во природата, која ги буди најубавите чувства во нас. Креиравме облека која ќе ви донесе убави спомени од опуштени прошетки во природа, каде и да сте. 

Ја креиравме совршената комбинација од моменталните модни трендови и нашите препознатливи класици кои никогаш не излегуваат од мода. Дадовме приоритет на квалитет и еко-пријателски материјали, како органски памук и рециклиран полиестер.

Дознајте што ве очекува оваа пролет!

Главни трендови оваа пролет

Модните писти предвидоа неколку интересни трендови за пролет 2024:

  • Женствени детали: машни, карнери, тантела и цветови. 
  • Деловен секојдневен изглед
  • "Preppy" изглед: оксфорд кошули, поло маици, морнарско сини блејзери, пастелни плетени артикли, мантили, бомбер јакни и карирани дезени
  • Панталони со висок струк
  • Металик изглед 
  • Одржлива мода

Клучни бои за оваа пролет се нежните пастелни нијанси (нежни нијанси на розева, жолта, сина и зелена), нагласени цитрусни нијанси (портокалова, лимон жолта, лимета) и безвременските неутрални нијанси (беж, крем и нијанса на кафено-сива). Дезените се доминирани од типични пролетни цветни дезени (особено рози) и апстрактни геометриски дезени.

Подолу одблиску ќе погледнеме што опфаќаат Том Тејлор пролетните колекции за мажи и за жени.

Женска колекција

Женската колекција комбинира современ и ретро стил, давајќи им на нашите класични модни парчиња модерен пресврт. Фокусот е на удобноста, опуштеноста и функционалноста на женската облека.

Во преден план се ставени цветните дезени и класичните дезени со линии, што заедно креираат убав контраст. Палетата на бои вклучува нежно бела, песочна беж, различни нијанси на сина (морнарска, captain ble и light fjord blue), нијанса на темно зелена (sea pine gree) и живописно корална.

Женските блузи се сметаат за едни од најженствените модни парчиња. Оваа пролет, нудиме блузи со “V“ израз и цветни дезени и блузи со јака на закопчување. Во понудата вклучивме и подолги кошула-блузи во различни бои, со различни дезени или тексас изглед.

Трикотажата во малку потенка варијанта е уште актуелна во пролет. Ќе пронајдете плетени џемпери со ребраста структура и “V“ израз, плетени џемпери со меураста структура, плетени џемпери со опуштен крој и дезен на риги и плетени елеци. Одличен избор за пролет е плетениот кардиган со копчиња, кој може да ја замени јакната во потоплите денови.

Ве очекуваат елегантни блејзери во различни кроеви и бои. Приврзаничките на модата ќе го обожуваат букле блејзерот, кој може да се комбинира со мини букле здолниште во ист стил. За спортски изглед, бомбер јакна или кардиган со закопчување на патент и исправена јака ќе завршат работа.

Во селекцијата фармерки и панталони, ќе ви се допаднат:

  • Alexa фармерките со тесен или прав крој,
  • модерните фармерки со крој “culotte“,
  • eлегантни панталони со широки ногавици и
  • опуштени панталони со прави ногавици, на врзување кај струкот.    
Пролетта е време кога здолништата и фустаните повторно се враќаат во женските гардеробери. Во понудата здолништа ќе пронајдете убави цветни плисирани зголништа, темно зелено “мажоретка“ здолниште со пенкало крој, миди здолниште со апстрактен, жолто-зелен дезен и тексас здолниште. Фустаните вклучуваат подолги фустани со цветни или апстрактни дезени во боја, лесни кошула-фустани и тесни “мажоретка“ фустани со “V“ отвор.

Машка колекција

Машката колекција е инспирирана од морнарски стил и вклучува живописна палета бои кои варираат од класична морнарско сина и бела до светло портокалова (fruity melon orangе), ментол сива (gray mint) и нагласено сина. Колекцијата е фокусирана на дезени, риги и графички дезени кои го дополнуваат безвременскиот изглед на класичниот тексас. Соединува модни парчиња кои се едноставни за комбинирање. 

Ќе пронајдете машки маици со долги и кратки ракави и машки поло маици. Експериментиравме со печат од логотипот на Том Тејлор, различни натписи, фото-дезен, риги и мали геометриски дезени. Поголем дел посветивме на нашите популарни машки монохроматски маици.

Колекцијата носи голем избор на машки џемпери. Плетените џемпери вклучуваат класични монохроматски плетени џемпери и плетени џемпери со блокови во боја. Може да се носат индивидуално, но и врз кошула за малку пософистициран изглед. Структурираните спортски џемпери со кружен околувратник и различни детали (дезени, Том Тејлор натписи или џеб на ракав) и спортските дуксери ќе направат да ви е удобно. 

Секако, не смееме да заборавиме на машките кошули, кои се задолжително модно парче во машката гардероба. Може да одберете помеѓу класична монохроматска кошула и класична кошула со различни дезени, како кариран или дезен со вертикални линии. Подебелите "надкошула" кошули кои може да се носат откопчани врз маица или џемпер повторно се враќаат на сцена. Во понудата ќе пронајдете и тренди тексас кошула.

Вклучивме и разновидни машки стреч чино панталони, достапни во темно сина, црна, беж и минт сива боја. Можете да ги комбинирате истите чино панталони за повеќе пригоди: со соодветен блејзер и кошула за работа или со спортски џемпер и бомбер јакна за слободно време.  

Том Тејлор машките фармерки се главни во нашата понуда. Во пролетната колекција ќе пронајдете фармерки со различни кроеви, од кои со сигурност ќе го најдете совршениот модел за вас. Достапни се фармерки со прав крој Marvin Straight, фармерки со тесен крој Josh Slim, Josh FREEF!TT и Troy Slim, фармерки со опуштен крој и фармерки со избледен изглед. 

Преодни јакни

Пролетното време е често непредвидливо, па изборот на вистинската преодна јакна е суштински. Креиравме преодна јакна која ќе ги издржи сите промени на времето во пролет. Комбиниравме функсионалност, удобност при носењето и модерен изглед. 

Најдобриот избор за преодниот пролетен период е ватираната јакна која одлично ве штити од ветер и дожд. Ватираните јакни се главни во нашите пролетни колекции и секоја година се грижиме да ги подобриме и да ви го понудиме само најдоброто. 

На дамите ќе им се допаднат елегантните мантили, достапни во класичен крој или модерен, широк крој. Долга или кратка парка е практичен избор за секој ден, додека бомбер јакните и тексас јакните во различни бои ќе ви овозможат тренди изглед. Мажите задолжително треба да ја погледнат понудата на хибридни јакни и вечните класици - јакните од вештачка кожа. 

 

 

Зачекорете во пролетта со стил!