Преодни јакни за пролетни денови

Сите видови јакни, од топли зимски до полесни летни, се важен сегмент од сечиј гардеробер. Овој пат нашето внимание е привлечено од преодните јакни кои се актуелни во поголемиот период од годината. И во пролет и во есен, истовремено топлејќи нѐ во свежите летни вечери или во сончевите и топли зимски денови. Нашите производи ќе ве освојат со својата разноликост, квалитетните материјали и широкиот избор на модерни и земјени нијанси бои. Преодната јакна совршено ја надополнува секоја модна комбинација и токму затоа нејзинот избор е исклучително важен.

ЕКОЛОШКИ И КВАЛИТЕТНИ МАТЕРИЈАЛИ

Начинот на размислување “Биди дел” игра голема улога во Том Тејлор брендот и е длабоко вкоренет во нашите активности и нашите производи. Со гордост можеме да кажеме дека поголемиот дел од нашите јакни се направени од рециклирани и еко-пријателски материјали. Преодните јакни може лесно да бидат препознаени во нашите Том Тејлор продавници преку ознаката “Биди дел“.

ВЛАКНА ОД РЕЦИКЛИРАНИ ШИШИЊА: Милиони шишиња секоја година завршуваат во депониите и сега и вие можете да помогнете да се справиме со пластиката. Имено, нашите преодни јакни содржат специјални “repreve“ влакна направени од рециклирани пластични материјали кои, покрај нас, во производството на модна и спортска облека ги користат и други водечки брендови.
BIONIC-FINISH® ECO: Спој на екологија со пионерска водоотпорна текстилна завршна обработка. Најнова технологија на еколошка обработка на производи кои стануваат водоотпорни со имитација на природата. Функцијата "Bionic" се базира на формула без флуор, правејќи ги бојата и материјалот на производот подолготрајни и истовремено овозможувајќи побрзо сушење на текстилот. Јакните се истовремено воздушести и водоотпорни.

ЖЕНСКИ ПРЕОДНИ ЈАКНИ

Том Тејлор е свесен за разновидноста и важноста на женските преодни јакни и се грижиме секоја дама да пронајде нешто за неа во нашата понуда:

  • ватирани јакни,
  • кожени јакни,
  • парка јакни,
  • “softshell“ јакни,
  • елеци,
  • блузон-јакни и
  • јакни во “бомбер“ стил.

Новата колекција Пролет 2022 ни носи бројни модерни нијанси: од класичната морнарска Том Тејлор боја до по живописни бои, од кои оваа година преовладуваат нијансите на црвена и зелена.

Во периодот на премин од една во друга сезона, полн погодок е блузон-јакната или пак јакната во “бомбер“ стил. Овие два модни стила трендовски го заокружуваат секој изглед. Одлично прилегаат со плетен џемпер, но доколку додадете кошула на модната комбинација ќе постигнете поелегантен изглед.

Сите погледи ќе бидат насочени кон вас доколку ја одберете секогаш популарната кожена јакна која совршено прилега во комбинација со долг фустан, фармерки или едноставни и удобни тренерки.

Елегантните или спортски парка модели со подолг крој ќе направат да се чувствувате стоплено во ладните утра. Одберете модел кој ќе прилега на вашиот карактер, изразете го вашиот одбран стил и истовремено бидете соодветно облечени на средината во која одите. Можете да ги комбинирате со различни стилови, од елегантен до опуштен. Том Тејлор парка моделите се достапни во голем број убави кроеви кои задолжително треба да ги погледнете!

МАШКИ ПРЕОДНИ ЈАКНИ

Машките преодни јакни се функционални модни парчиња кои ќе ве топлат во пролетта и есента, а истовремено се и основно модно парче од вашиот изглед. Ве придружуваат каде и да одите, па затоа нивниот избор е многу важен.

Вечна и совршена за сите пригоди е кожената јакна, во комбинација со фармерки и кошула или пак едноставен спортски џемпер. Со неа на лесен начин може да се постигне и опуштен и елегантен изглед.

Дури и кај машката публика, “бомбер“ јакните и дуксер-јакните се сметаат за екстремно популарни и функционални модни парчиња. Овие модни парчиња се класични преодни јакни направени од квалитетен најлон, памук или полиестер. Малку поширокиот облик на овој вид јакна е убаво надополнет со манжетни на шевовите или ракавите, а предниот дел го краси практичен патент.

Моделот “парка“ и ватираната јакна се дел од секојдневниот изглед и треба да ги има во секој машки гардеробер. Јакните “парка“ се одлични за постудени денови, за опуштена прошетка во природа, но и за деловна средина. Ватираните јакни најчесто се попогодни за поспортски изглед. Одлично прилегаат во студени и ветровити денови во комбинација со тренди патики и џемпер со качулка.

Сите наши јакни нудат дополнителни вредности на нивните корисници, како качулка која се вади, квалитетни патенти, удобни материјали, ватиран стил, изобилие од џебови и различни мали детали, како на пример Том Тејлор беџови и интересни дезени во внатрешноста на јакната. Со одбирање на Том Тејлор производи не можете да погрешите! Посетете ги нашите Том Тејлор продавници и уверете се самите.