Нова зимска колекција

Деновите стануваат поладни, природата успорува и се подготвува за зима. Бидете подготвени со новата Том Тејлор зимска колекција!

Во срцето на колекцијата се зимските јакни и капути кои импресионираат со нивниот квалитет и модерен изглед, истовремено заштитувајќи ве од ладното. Во понудата исто така ќе пронајдете и трикотажа, фармерки со најразлични кроеви, елегантни панталони, спортски џемпери, блузи, фустани и машки кошули. 

Колекцијата е инспирирана од боите на зимскиот пејсаж. Употребивме различни нијанси на сина и беж, давајќи акцент со бои како бордо црвена, жолто-кафеава, космичка виолетова и розова. Креиравме облека која е едноставна за комбинирање.

Зимско модно правило: слоевито облекување

Со слоевито облекување, може да се заштитите од студот и покрај ниските температури. Неколку тенки слоеви нè загреваат повеќе од еден подебел, бидејќи топлиот воздух помеѓу слоевите делува како изолатор.

Зимските модни комбинации треба да се составени од најмалку три слоја облека:

  • ОСНОВЕН СЛОЈ: Лесна облека со долги ракави која е во допир со кожата. 
  • СРЕДЕН СЛОЈ: Подебела облека со поширок крој која ќе ја задржува доплината блиску до телото. Најдобро е ако е направена од волна или полиестер. 
  • НАДВОРЕШЕН СЛОЈ: Надворешна облека што штити од временските услови.

Бидејќи надворешната облека е обично тешка, внатрешната облека треба да биде што е можно полесна, удобна и да овозможува продорност на воздух. Златното правило е да започнете од полесен кон потежок и од потенок кон подебел слој. На овој начин слоевите кои се лесни и овозможуваат продорност на воздух се најблиску до кожата, додека тешките слоеви се однадвор за да нѐ заштитат од надворешните услови. Дополнителна предност е што можеме да ги отстраниме потешките слоеви ако ни биде премногу жешко.

Не ги заборавајте и топлите модни додатоци како капи, шалови и ракавици.

Незаменливи основни парчиња

Том Тејлор нуди голем избор на основни модни парчиња кои се основата на секоја гардероба. Ова опфаќа маици, машки кошули, женски блузи и фармерки.

Во понудата ќе пронајдете маици со долги ракави направени од 100% памук. Во женската колекција се истакнува блузата со “mock neck“ јака. Ова е јака кој е поткрената, но не се свиткува како ролка. Одличен избор за мажите е маицата со “Henley“ јака (кружна јака со три копчиња), достапна во морнарско сина и виолетово-црвенкаста боја. 

Безвременски класици: машки кошули. Изберете помеѓу различните бои, кроеви и дезени. Ви ја препорачуваме карираната кошула која одлично оди со фармерки и  кошулата со припиен крој (slim-fit) во сиво-сина нијанса. Дами, ќе ви се допаднат прекрасните блузи. Во понудата ќе пронајдете блузи со акварел дезен, празнична блуза од шифон, бела блуза - кошула од 100% памук и блуза со линии со лурекс предиво (предиво со светки).

Фармерките се задолжителни во нашите колекции. Новата зимска колекција носи класични стилови на Алекса фармерки за жени со припиен, тесесн и прав крој и Џош фармерки за мажи со тесен и прав крој. Ја проширивме нашата понуда на фармерки во најтренди стилови. 

Топлата прегратка на трикотажа

Зимата е период за топла трикотажа. Да започнеме со плетените џемпери со кружен отвор на деколтето, достапни во различни бои и со различни плетки (кабел плетка, неп структура за изглед со точки, структура на рибја коска). Одлучете се за нежна беж или истакнете се со избор на жолто-кафена нијанса на путер од кикирики кафена.

Дамите ќе ги обожуваат ребрасто плетените џемпери - ролка кои навистина топлат. Со оглед на тоа дека ниту една женска гардероба не е совршена без најмалку еден фустан, во понудата додадовме плетени фустани. Комбинирајте ги со топли хулахопки, волнен капут и чизми. 

Мажите ќе бидат импресионирани од плетените џемпери со “troyer“ јака (јака со патент), која совршено одговара со фармерки. Во зима, плетената ролка може да ја замени кошулата во комбинацијата на кошула и блејзер. За мажите кои практичноста ја ставаат на прво место, плетен кардиган со патент и странични џебови ќе биде вистинскиот избор.

Нашата трикотажа е со висок квалитет и многу едноставна за одржување, затоа што може да се пере во машина за перење алишта на 30 степени Целзиусови без грижи. 

Одбрани модни парчиња

Зимската колекција исто така опфаќа и елегантни модни парчиња, соодветни за декемвриските прослави и празнувања. За дамите, шифон фустан со светкав дезен е вистинскиот избор, додека за мажите препорачуваме чино панталони во морнарско сина боја.

За мажите кои преферираат удобност, имаме широк избор на спортски џемпери и јакни. Одберете џемпер со качулка, "snood" џемпер без качулка и со јака со врвка и јакна со качулка со бројни практични џебови. Комбинирајте ги со фармерки или карго панталони. 

Секако, не заборавивме и на најголемите модни диви. Не пропуштајте го прекрасниот мрежен фустан со цветен дезен и долги ракави, како и фустанот од жакард. Ќе ви се допаднат жакард блејзерот и панталоните со пепита дезен, кои можете да ги комбинирате со џемпер - ролка. Препорачуваме и црно мини здолниште од букле ткаенина, совршено за вашата капсулна гардероба.

Зимската колекција ја заокружуваме со широк асортиман на зимски јакни и капути. Имаме класични пуфер јакни, пуфер јакни во стил на капут, волнени капути и парка јакни. Повеќе детали може да најдете во модната приказна Зимски Јакни.

Новата Том Тејлор зимска колекција ве очекува во продавниците. Погледнете ја понудата!