Зимски јакни

Пристигнува постудениот дел од годината и ги носи назад нашите зимски јакни. Добрата зимска јакна ќе нѐ заштити од снегот и студениот ветер, истовремено одржувајќи нѐ стоплени. Изборот на зимска јакна често знае да биде предизвик, затоа што станува збор за поскапо модно парче кое сакаме да го носиме неколку сезони по ред.

Овогодинешната зимска колекција вклучува широк избор на зимски јакни и капути. Креиравме совршен баланс помеѓу модните трендови, функционалноста при лоши временски услови и следењето на насоките за еко-пријателска одржлива мода.

Не дозволувајте ниските температури да бидат изговор за уживањето во убавите зимски пејсажи!

Технички карактеристики

ВОДООТПОРНОСТ

Том Тејлор зимските јакни се водоотпорни, што е постигнато со користење на специјалната техника за третман на текстил наречена BIONIC-FINISH® ECO.  Станува збор за патентирана технологија без флуор која ефикасно го штити текстилот од дожд и дамки. Степенот на водоотпорност е означен со полето за вода, која прикажува колку вода може да издржи јакната пред да навлезе во ткаенината.

 

ИЗОЛАЦИЈА

Sorona® Aura изолацијата овозможува долготраен облик и топлина во сите временски услови. Има висока пропустливост на воздух и задржува топлина со помалку полнење и тежина, придонесувајќи за поудобно носење.

 

ОДРЖЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ

  • 100% РЕЦИКЛИРАНО ПОЛНЕЊЕ: Користиме 100% рециклирано полнење направено од рециклирани пердуви. На овој начин, помогнавме да се намали количината на отпад во депониите каде што инаку би завршиле старите јакни и перници и вака ја обезбедивме благосостојбата на животните.
  • РЕЦИКЛИРАН ПОЛИЕСТЕР: Јакните главно се направени од рециклиран полиестер. Користевме специјални REPREVE® влакна добиени од рециклирани пластични шишиња.

"Puffer" јакни и "puffer" капути

Кога температурите ќе паднат под нулата, дебелите “puffer“ јакни се најдобриот избор.

Во женската колекција ќе пронајдете “puffer“ јакна со струкиран крој, качулка која може да се отстрани и два странични џеба со патент. Можете да одберете од четири класични бои: беж, морнарско сина, црна и маслинесто зелена. Има и варијанта без качулка, во бела, црна, сина и црвено-розова боја.

Машката колекција опфаќа “puffer“ јакни со висок околувратник, качулка која се отстранува и повеќе џебови со патенти. Достапна е во шест бои: жолто-кафена, морнарско сина, светло сина “stormy blue“, црна, темно сива и бордо. Понудата е проширена со хибридна “puffer“ јакна која комбинира ватиран материјал и материјал со структура на саќе. Има отстранлива качулка и два странични џеба со рефлектирачка лента.

Дамите ќе бидат импресионирани од “puffer“ јакните во стил на капут или “puffer“ капутите кои се со должина до колената. Имаат малку поширок крој, качулка и два големи странични џеба со патент. Овој модел е достапен во бела, морнарско сина и светло сина боја. Исто така во понудата го вклучивме и нашиот препознатлив “puffer“ капут со отстранлива качулка со вештачко крзно. Достапен е во црвена, морнарско сина, светло розова, маслинесто зелена, беж и црна боја.

Капути за елегантен изглед

Кога се облекуваме поелегантно, во целокупниот изглед често не ни одговара дебелата “puffer“ јакна, затпа што премногу натежнува естетски. Решението е шик зимски капут.

При избор на шик зимски капут, треба да најдеме компромис помеѓу добриот изглед и вистинскиот материјал. Капутот кој е барем делумно направен од волна ќе не топли најдобро.

За дамите, дизајниравме капут со дијаглец (twill) структура кој содржи 21% волна, овозможувајќи одлична термална изолација. Има исправена јака со закопчување со едно копче, два странични џеба и лого ознака на задниот дел.

За елегантен изглед на мажите, класичниот капут со закопчување со четири копчиња, исправена јака и два странични џеба е совршениот избор. Како детаљ, четири декоративни копчиња се додадени на задната страна на ракавите. Капутот е направен од 22% волнена содржина и затоа е многу топол.

Волнениот 2-во-1 капут е стилски соодветен за мажи за кои класичниот капут е премногу елегантен. Ова е малку поспортска верзија на капутот, затоа што има внатрешен дел кој не се отстранува што наликува на ватирана јакна. Надворешниот дел е класичен капут со закопчување со четири копчиња, исправена јака и два странични џеба.

Парка и останати јакни

Парката станува сѐ попопуларен модел на зимска јакна и затоа е задолжителна во нашата зимска понуда.

Ја претставуваме женската Арктичка парка - класичен стил со модерни карактеристики. Парката има внатрешна врвка за адаптирање во пределот на половината, фиксна качулка и странични џебови со патент. Се закопчува со патент и со копчиња. Достапна е во две класични бои - маслинеста и беж.

Машката Арктичка Парка е густо изолирана и вклучува материјали и дизајнерски елементи за да овозможи максимална топлина и заштита од тешките зимски услови. Има исправена јака со отстранлива качулка, два големи странични џебови со преклоп и два дијагонални џебови во пределот на градите со патент. Достапна е во црна, темно сина, светло сина и бордо боја. Во понудата ќе најдете и машки 2-во-1 парка јакни со вештачко крзно од внатрешната страна.

Понудата на машки јакни исто така опфаќа и:

  • Волнена 2-во-1 јакна
  • Ватирана јакна - блузон
  • Теренска јакна со качулка

Парка и останати јакни