Одржлив тексас: сѐ што треба да знаете за одржливите фармерки

Фармерките се едно од најпопуларните модни парчиња. Се носат и од млади и од возрасни, од најголемите модни ентузијасти, а и од оние за кои удобноста е приоритет. Слободно може да кажеме дека фармерките се засекогаш и никогаш нема да “излезат“ од мода.

За жал, процесот на правење на фармерките многу влијае на животната средина, користејќи големи количини енергија и вода. Том Тејлор работи со фокус на поодржлива мода преку БИДИ ДЕЛ кампањата, па токму затоа дава приоритет на одржливиот тексас.

Со купување на одржлив тексас, ќе придонесете за подобро утре. Погледнете како!

Процес на правење фармерки


Вистинскиот тексас е направен од издржлива кепер ткаенина од памук. Процесот на производство започнува со памучни влакна, кои се бојат во препознатливата сина боја и се предат во предиво од кое се прави тексас материјалот. 

1. Одгледување на растението памук: За време на растењето, растението памук развива густи влакна околу семето, за да се заштити. Овие влакна може да се соберат, да се одвојат од семето и од нив да се направи предиво.

2. Преработка во предиво: Исчистените памучни влакна се сечат и се обликуваат во влакна со иста должина. Потоа, се предат во предиво и се обојуваат со помош на индустриска машина. Боењето може да биде направено со индиго (за традиционална сина боја) или со сулфур (за други бои). 

3. Производство на ткаенина: Обоеното предиво потоа се плете во тексас ткаенина. Кепер ткаењето ја прави ткаенината обоена од надворешната страна и бела или посветла од внатрешната страна.

За време на производствениот процес на тексасот, различни методи на перење на ткаенината, фарбање и третман може да се користат за да се променат крајните карактеристики на ткаенината. Освен за фармерки, тексас се користи и за изработка на јакни, кошули, здолништа и други производи.

Влијание врз животната средина


Процесот на правење на фармерки може да има штетно влијание врз животната средина. Најпрво, уште при одгледувањето на памук, за да се зголеми приносот, често се користат токсични пестициди и хемиски ѓубрива кои ги загадуваат екосистемите. Како резултат, голем дел од тексасот на пазарот е загаден со токсини кои се штетни за здравјето.

За процесот на прозводство на фармерки потребни се огромни количини вода. За да се направи еден пар класични фармерки, потребни се околу 3.000 литри вода. Ако размислуваме за масовното производство на фармерки, оваа бројка станува навистина алармантна.

Со кампањата БИДИ ДЕЛ, Том Тејлор цели кон минимализирање на влијанието на модата врз животната средина. Сакаме да замениме што е можно повеќе материјали со одржливи алтернативи, да ја намалиме потрошувачката на вода, енергија и хемикалии во производствениот процес, како и да креираме здрава и безбедна средина за нашите вработени.

Со користење на органски памук и други одржливи материјали, како и еко-пријателски процеси за обработка на тексас ткаенината, направивме важен чекор кон одржливата мода.

Органски памук


Памукот е една од најраспространетите култури во светот, но за жал неговото производство е едно од хемиски - најинтензивните. Хемикалиите што се користат при одгледувањето памук имаат огромно влијание врз воздухот, водата и почвата, а исто така влијаат и на здравјето на луѓето кои живеат во областите каде што се одгледува памук. Во процесот на одгледување, исто така се користат и огромни количини вода. Дали знаете дека потребни се 1.500 литри вода за да се добие доволно памук за еден пар фармерки?

Постои еколошка алтернатива: органски памук!

Органскиот памук се произведува со уптореба на методи и материјали кои имаат мало влијание врз животната средина. Се одгледува природно, без употреба на хемиски ѓубрива или пестициди. Во споредба со конвенционалното производство на памук, се користи до 88% помалку вода и  62% помалку енергија, а истовремено се одржува квалитетот на почвата и екосистемот.

Покрај сите еколошки придобивки, органскиот памук е помек, поиздржлив и подолготраен. Органскиот памук е поудобен за носење и е добра алтернатива за луѓето со осетлива кожа, затоа што не се третира со токсични хемикалии. Облеката направена од органски памук, генерално е со подобар квалитет.

Том Тејлор е горд член на глобалната, непрофитна организација “Better Cotton Initiative“ (BCI). Ова значи дека кога ќе ги купите нашите фармерки, ќе го поддржите одржливото одгледување памук.

Влакна TENCEL™ Lyocell


Влакната TENCEL™ Lyocell се иновативни, одржливи влакна од LENZING™. Тоа се специјални целулозни влакна кои имаат речиси исти својства како памукот.

Се произведуваат од одржливо собрани дрва, каде што процесот на претворање на целулозата во TENCEL™ влакна користи до 80% помалку вода во споредба со конвенционалниот памук.Повеќе од 99% од хемикалиите кои се користат, се реупотребуваат во рамки на специфичниот, затворен производствен процес.

Уникатните физички својства на TENCEL™ влакната овозможуваат висока отпорност, ефективно управување со влагата и нежност кон кожата.

Техники за финална обработка на фармерки


Различните процеси за финална обработка на фармерките се многу непријателски кон животната средина, затоа што користат големи количини вода. Том Тејлор ги преферира иновативните техники за финална обработка кои се поеко-пријателски за животната средина.

Техника на боење со заштеда на вода


Типичниот пар фармерки е индиго син, што се постигнува преку сложен процес. Овој процес употребува илјадници литри вода, која завршува како отпадна вода. Наместо класичниот процес, сината боја на тексасот се постигнува преку техниката  НУЛА-ВОДА СИНА, со која се реупотребува 98% од водата.

ОЗОНСКО измивање

За модерен изглед на избледени фармерки, мора да ги третираме фармерките со специјален процес, за кој најчесто се потребни вода (во просек 125 литри), хемикалии, ензими и камења. Наместо тоа, ние користиме специјална техника за измивање со озон, која не користи вода или хемикалии.


Ласерско третирање на такенината за “износен“ ефект


Боењето, оштетувањето и другите фини детали се креираат со користење на компјутерски софтвер. Крајниот резултат е изглед на износеност кој се постигнува без вода, хемикалии или рачна обработка.

Еко-измивање за автентичен тексас изглед


Органското перење користи ензими наместо механички или хемиски процеси. Потребна е помалку вода, а се произведува помалку отпад, во споредба со конвенционалните третмани, како перењето со камења. 

Том Тејлор Одржливи фармерки


Во нашата понуда ќе пронајдете фармерки од органски памук, за кои користевме одржливи техники за процесирање на тексас ткаенината. Фармерките се дел од нашата БИДИ ДЕЛ кампања и може да ги препознаете по лепенката БИДИ ДЕЛ. На ознаките ќе пронајдете специјални знаци кои укажуваат на употреба на органски памук, TENCEL™ Lyocell влакна, иницијативата “Better Cotton Initiative“ (BCI) и намалената потрошувачка на вода во производниот процес.

Во потрага сте по нови фармерки? Посетете ги Том Тејлор продавниците и погледнете ги колекциите од женски, машки и детски фармерки. А кој е најдобриот дел? Вашиот избор ќе биде еко-пријателски!