Женска колекција
Женската колекција обединува три, тематски различни линии кои раскажуваат инспиративна летна модна приказна.
Првата линија си поигрува со нијанси на прашинесто зелена, шампањ и морнарско сина боја, додека смирената палета на бои оживува со енергичната танго портокалова. Сино-зелениот дезен со органски форми внесува елемент од природата, додека минималистичкиот геометриски дезен додава елеганција. Дезенот со точки создава контраст, додека црвениот и белиот дезен со меури се истакнуваат со својата смела, женствена енергија.
Во срцето на втората линија е ленот, синоним за лесна елеганција и воздушеста удобност. Доминираат цик цак ригите, кои потсетуваат на ритамот на тропските ветрови, додека органските мотиви со листови се клучен визуелен елемент. Софистицираната црна боја се испреплетува со бела, беж и нежна маслинеста, а нијансите на ф'стак - зелена и цигла црвена креираат модерен пресврт во тропската естетика.
Третата линија нѐ носи на сафари, каде што синото небо се среќава со златните савани. Нежните беж тонови се комбинираат со контрастна црна, создавајќи елегантни линии кои потсетуваат на зебра дезен. Живописните нијанси на зелена додаваат свежина и наликуваат на пејсажи со ретки видови зеленила на сувите рамнини. Животинските дезени се во преден план, давајќи им храбар карактер дури и на наједноставните парчиња.