Женски Блузи

Кога збориме за женска мода, не можеме да ги пропуштиме удобните и секогаш елегантни женски блузи. Модерната мода ја дефинира женската блуза како женски горен дел од облека со опуштен крој кој налкува на кошула. Често е припиена во пределот на половината или колковите (со еластичен раб, преклоп или половина) за да може едноставно да паѓа над телото. Оригинално, терминот блуза бил користен за широк опсег горни делови со широк крој носени од жени, деца, фармери, работници и уметници, но многу подоцна станува поим за кошула со многу женствен изглед.

Блузите се незаменлив дел од женската гардероба и затоа, трајно се дел од понудата на Том Тејлор женската колекција. Дали често ви се случува да не ги разликувате кошулите од блузите? Се прашувате кои видови блузи ги знаеме и како можеме да ги комбинираме?  Читајте понатаму!

РАЗЛИКА: БЛУЗА и КОШУЛА

Носите кошула или блуза? Некогаш е многу тешко да ги распознаеме, затоа што термините блуза и кошула често се користат за истите работи. Ова брзо доведува до конфузија, затоа што факт е дека постојат “технички разлики“ помеѓу нив.

Кошулата има вертикална линија копчиња по целата должина во средина на предниот дел, јака (крагња) и долги ракави. Кројот и е најчесто многу тесен и припиен за телото, но денешниот "oversized" крој станува сѐ попопуларен. Иако кошулите се достапни во различни стилови, секогаш го покриваат горниот дел од телото. 

Спротивно на тоа, блузата никогаш нема да има вертикална линија копчиња за закопчување по цела должина од предната страна и ретко ќе има класична крагња. Може да има копчиња на ракавите, во пределот под вратот или во задниот дел од вратот, или пак да биде без нив. Женските блузи се многу поразновидни од кошулите, затоа што се достапни во различни кроеви, должини, бои и материјали. Може да имаат тантела, декоративни делови, разновидни деколтеа и откриени рамења, да бидат кратки или пак да достигнуваат речиси до колената.

Блузите се дел само од женската облека, додека кошулите може да бидат машки и женски.

БЛУЗИ ЗА СЕКОЈА ОД ВАС

ДОЛЖИНА НА РАКАВИ
  • Блузи со долги ракави се вистинското решение за жени кои не ги сакаат своите опуштени раце и сакаат да ги сокријат. Со избор на блуза со долги ракави, може да се осмелите и да изберете блуза со ракави кои се широки, или пак со набори во пределот на рачниот зглоб. Додавањето дополнителни стилски елементи на ракавите исто така помага на одвлекување на вниманието од критичните делови на телото како стомакот и широките колкови.
  • Блузи со кратки ракави
  • Блуза-топ без ракави
ОТВОР НА ДЕКОЛТЕ
  • Блуза со "U" отвор изгледа одлично на сите облици на тело. Најкласична и најразновидна блуза која е дефинитивно задолжително модно парче во секоја женска гардероба.
  • Блуза со "V" отвор
  • Блуза со отвор во облик на квадрат
  • Блуза со отвор во облик на срце или "sweetheart" отвор која привлекува погледи кон рамениците, вратот и деколтето, додека помага при нагласување на градите на жените кои не се исполнети во овој предел. Сепак отвор во облик на срце не е најсоодветен за жени кои имаат многу големи гради, затоа што може да открие премногу кожа.
ЈАКА
  • Блуза со јака како кошула, која изгледа многу формално заради класичната јака во стил на кошула.
  • Блуза со исправена јака е секогаш сигурен избор заради повисоката или пониската затворена јака.
КРОЈ
  • Блуза на преклоп - има "V" отвор и материјал кој се преклопува во централниот предел, што го издолжува торзото и ја нагласува половината. Одговара на сите видови фигури затоа што креира облик на песочен часовник.
  • Блуза во стил на кошула
  • Долга блуза во опуштен крој, на која може да додадете ремен и да ја нагласите женствената силуета.

СОЗДАДЕТЕ СОВРШЕН ИЗГЛЕД

Блузата е задолжителен дел од гардеробата на голем број вработени жени, затоа што истовремено е и удобна и елегантна.  Едно од најразновидните модни парчиња, затоа што истата блуза, со вистинската комбинација, може да се носи за голем број различни пригоди.

Носете елегантна блуза на работа и комбинирајте ја со блејзер и здолниште или блејзер и добро скроени панталони. Бидете сигурни дека одбирате крој кој нема премногу голем отвор во пределот на деколтето и дека не ги открива рамењата или грбот премногу, затоа што ова не е најсодветен избор за работна средина. Исто така, може да ја комбинирате со прав крој фармерки за изглед соодветен и за работа и за слободно време.

Вметнете ја блузата со широк крој во тесно "пенкало" здолниште или панталони со висок струк и додадете ремен, или носете подолга блуза врз панталони со тесен крој. Блузите се одлични за слоевито облекување, затоа што најчесто се доволно тенки за едноставно да се носат со јакна или плетен кардиган.

Доколку сакате малку да се истакнувате, одберете блуза со интересен дезен или детали како карнери, тантела или додатоци на јаката. Впечатливата блуза задолжително комбинирајте ја со едноставни панталони или здолништа во неутрални бои.

ТОМ ТЕЈЛОР ЖЕНСКИ БЛУЗИ

Том Тејлор женските блузи се направени од удобни материјали како вискоза, лен и памук. Во понудата ќе пронајдете блузи со долги и со кратки ракави, различни дезени како линии, ситни геометриски форми и цветови, карнери на ракавите, џебови во пределот на градниот кош и други детали. Погледнете ја понудата во продавницата  Том Тејлор.