Нова есенска колекција

Почетокот на есента носи враќање на работното место по заслужениот летен одмор. Со постудените денови, животот полека се враќа во стабилна рутина, која бара удобна и квалитетна облека. Том Тејлор подготви нова есенска колекција која ќе се погрижи за  негуван есенски изглед.

Ве очекува совршена комбинација на безвременски класици и актуелни модни трендови. Женската колекција носи прекрасна кадифена розова боја, многу е женствена и вклучува многу класични парчиња. Машката колекција е инспирирана од наутиката, па така владее дезенот со линии и темносината боја. Додадовме и сива, беж и нагласена портокалова боја, додека бургунди бојата додава есенски допир.

Ве покануваме да ни се придружите во креирањето на есенската модна приказна. Еве еден мал поглед на она што го подготвуваме за есен.

Женска колекција

Женската колекција комбинира две помали колекции.

Првата колекција се фокусира на враќањето назад во работната средина и на деловниот изглед. Вклучува меки контрасти и меки форми. Бојата која преовладува во колекцијата е кадифено розовата, надополнета со тегет, сива, беж и бела. Инспирирана од природните органски форми, колекцијата е полна со дезени со неправилна форма кои потсетуваат на слики од природата. Големите органски дезени се испреплетуваат со мали дезени со точки и заедно со класичните модни парчиња ја прават колекцијата многу женствена.

Со втората колекција, навлегуваме подлабоко во есента, па главни теми се меките контрасти, удобноста, слоевитоста и карираните дезени. Палетата на бои од претходната колекција е збогатена со додавање на боја на капина и прекрасен дезен со есенски цветови.

Откријте ја нашата понуда на маици и блузи направени од удобни материјали како органски памук и вискоза. Имаме маици со кратки и со долги ракави во голем избор на бои и дезени (линии, Том Тејлор лого, големи органски дезени, цветни мотиви). Нашата понуда на блузи опфаќа блузи со "V" отвор на деколтето и дезен со точки, долги кошула-блузи, блузи со мал  "vichy" кариран дезен и блузи со голем кариран дезен.

Блузите совршено може да се комбинираат со блејзер, достапен во кадифено розова и морнарско сина. Исто така во понудата ќе пронајдете и темно син блејзер од ребресто кадифе кој одлично одговара со фармерки.

Поладните есенски денови повикуваат на топла трикотажа. Во изборот на трикотажа ќе најдете долг отворен плетен кардиган, кардиган со ребреста плетка и ремен за врзување, структурирани плетени кардигани и класични плетени џемпери со различни плетени структури и бои.

Најдете ги совршените панталони за вашите есенски модни комбинации. Ве очекуваат:

  • Eлегантни панталони со прав крој на ногавица "Леа",
  • Чино панталони,
  • Панталони со широк крој (монохроматски или со кариран дезен) и
  • панталони со тесен крој "Миа".

Посветивме големо внимание на изборот на женски фармерки, каде што сигурно ќе најдете модел кој ќе и прилега на вашата фигура. Ги препорачуваме фармерките "Алекса" со тесни или прави ногавици и фармерките "Кејт" со ногавици кои се благо проширени.

За женствен изглед, фустаните и здолништата се добра варијанта. Изберете од темно син фустан - кошула со карнери, розов фустан со дезен со точки, јака и "балон" ракави, кариран фустан и миди фустан со цветен дезен. На љубителите на здолништата ќе им се допадне убавото здолниште со плисирање, достапно во темно сина или розова боја и дезен со точки.

Не заборавајте ги модните додатоци! Во понудата ќе пронајдете наметка - шал во боја на капина, структурирани шалови и плетени капи. Модните додатоци играат клучна улога во креирањето на модните комбинации и додавањето на финален допир на вашиот изглед.

Машка колекција

Машката колекција исто така се состои од две помали колекции.

Првата колекција не враќа назад во летото. Бевме инспирирани од дивото крајбрежје, кое се карактеризира со пловење низ морето и студено и ветровито време - мажот е зимски морнар. Колекцијата содржи заматени тонови, магливо сиви нијанси, грубо платно и ребрести плетива. Боите кои преовладуваат се нежно беж, прашинкаста нане сина боја, бела и прекрасна нијанса на темно сина наречена ноќно сина. Смирената палета на бои е оживеана од нијансата на "свежа портокалова пиперка". Колекцијата вклучува многу шарени и карирани дезени.

Втората колекција црпи инспирација од северните острови и брегот - мажот е модерен патник и истражувач, кој ја открива природата и го набљудува пејзажот. Палетата на бои вклучува светла песочна боја, земјено сива (таупе) и тиркизна нијанса наречена "тропски теал", со есенски тонови како бордо црвена (бургунди).

Прегледот на машката колекција ќе го започнеме со маици. Во понудата ќе ги најдете нашите препознатливи маици со Том Тејлор лого, достапни во различни бои. Класична маица во црна или бела боја ќе биде одличен избор, додека портокаловата маица со шарен дезен ќе додаде разиграност во вашиот изглед. Не пропуштајте ја понудата на поло маици со долги ракави кои можете да ги комбинирате со фармерки или чино панталони.

Во потрага сте по совршената кошула за на работа? Том Тејлор машките кошули ќе бидат вистинскиот избор! Имаме класични кошули во сина, бела, црна и сива боја, струкирани кошули со нежни дезени, растегливи кошули од пуплин, оксфорд кошули и карирани кошули.

Направете комбинација од класична кошула со плетен џемпер, каде може да си поиграте со боите. Во понудата ќе пронајдете плетени џемпери во сенф-жолта нијанса, беж, црна, темно црвена, темно зелена и различни нијанси на сина боја.

Дуксерите и спортските кардигани ќе направат да ви е удобно. Ви нудиме:

  • Класични спортски дуксери со патент,
  • Струкирани кардигани со патент и џеб во пределот на градниот кош,
  • Кардиган со јака и закопчување со патент,
  • Црни спортски пуловери, и
  • дезенирани дуксери со качулка.

Машките фармерки се важен дел од есенската колекција. Достапни се во различни кроеви, бои и со избледен тексас изглед. Ги вклучивме нашите најпопуларни модели Марвин, Џош и Трој. Покрај фармерките, ќе пронајдете и голем избор на модели на панталони. Одберете некој од моделите на чино панталони, чино панталони со ремен и џерси чино панталони.

Преодни јакни за есенски денови

Преодните јакни на Том Тејлор ќе ве импресионираат со нивниот модерен изглед, функционалност и квалитетни материјали. Посветени сме на одржлива мода и затоа користевме еко-пријателски материјали (рециклиран полиестер, рециклирано полнење).

Повеќето од нашите јакни се отпорни на ветер и водоотпорни. Употребата на специјалната BIONIC-FINISH® ECO технологија за заштита на материјалот, базирана на формула без флуор, обезбедува водоотпорност, долговечност на бојата и ткаенината и отпорност на повеќекратно перење.

Во понудата, вклучени се лесни ватирани јакни, хибридни јакни, ватирани елеци, капути, кожни јакни, мантили, "пуфер" јакни, "софтшел" јакни и јакни инспирирани од актуелните модни трендови. Одберете некоја од класичните бои, како морнарско сина, црна и беж, додека за модерен изглед, одлучете се за маслинесто зелена, сино-зелена, бургунди црвена, кадифено розова и боја на капина.

Посетете нѐ за да ги откриете модните парчиња кои ќе ги збогатат вашите есенски модни комбинации. Зачекорете во светот на модата со Том Тејлор!