Тропски дезени
Тропските дезени внесуваат приказ од тропски места во нашата летна гардероба: палми, банана листови, тропски цвеќиња, папагали и многу зелена, жолта, црвена и сина боја. Одберете облека со тропски дезен за да го разбудите чувството на одмор во топол предел во било кое време од денот.
Облеката со тропски мотиви е соофветна за поопуштени пригоди, како дружба со пријателите, прошетка во градот покрај обалата и уживање во плажата. За мажите - одберете кошула или машки кратки панталони со тропски дезен, или пак одлучете се за комбинација од двете. Дами, одлучете се за фустан, кошула или панталони килоти со тропски цветови и други мотиви.
Цветни мотиви
Цветните мотиви се многу посакувани во летните денови. Ја будат пријатната летна атмосфера во нас и додаваат романтичен допир на облеката. Многу се популарни помеѓу жените и затоа вклучивме женски фустани и здоништа со цветни мотиви во летната колекција на Том Тејлор. Исто така ќе пронајдете и женски блузи со цветен дезен, кои може дда ги комбинирате со кратки тексас панталони и ленени панталони.
Со цветниот дезен ќе креирате многу женствени изглед со малку труд. За вистински летен допир, не заборавајте да додадете летна чанта, која исто така треба да биде направена од природен материјал, како рафија.