Ленена облека: Воздушеста и еко-пријателска
Во летото, брзо ни станува премногу топло во фармерки или други долги панталони. Прво на памет ни паѓаат шорцеви, но за некои пригоди, како формални настани или деловно опкружување, тие се премногу опуштени, па дури и несоодветни. Овој проблем едноставно ќе се реши со ленени панталони кои се одлични за носење за време на летните температури, благодарение на лесната ленена ткаенина.
Дефинитивно ленените алишта се најдобрата инвестиција во нашата летна гардероба затоа што се воздушести, а истовремено се истакнуваат по нивната способност да абсорбираат влага, па така во нив не се потиме. Том Тејлор обрна специјално внимание на ленените модни парчиња во овогодинешната летна колекција. Се прашувате што нѐ инспирираше толку многу?
Предности од носењето ленена облека
1. ЕКСТРЕМНО ИЗДРЖЛИВА
Ленот е познат како најсилно природно влакно во светот и е многу потрајно од памукот. Силата на влакната директно влијае врз силата на ткаенината од која облеката е направена, па така ленената облека е многу трајна и издржлива.
Карактеристика на ленените влакна е што со секое перење тие стануваат помеки и понежни. Обичната памучна кошула може да се носи неколку години додека не се уништи како резултат на употребата и честото перење, додека ленената кошула ќе изгледа речиси секогаш како нова и ќе се пренесува од генерација на генерација со соодветна грижа.
2. БЕНЕФИТИ ЗА ЗДРАВЈЕТО
Многу луѓе страдаат од најразлични алергии и кожни болести, па носењето облека направена од одредени ткаенини им предизвикува проблеми. За нив, ленената облека дефинитивно е најдобар избор, затоа што ленот најчесто не е изложен на штетни хемикалии за време на култивизацијата и обработката, а истовремено ленената ткаенина е воздушеста. Ова овозможува слободна циркулација на воздух и брзо сушење на влагата. Како резултат, се намалува можноста за акумулација на влагата која е совршена средина за размножување на микроорганизми и бактерии.
Ленената ткаенина е антистатична и ткаена доста опуштено, па собира помалку прашина и честички нечистотија. Генерално, ова е многу чиста ткаенина која е пријателска кон нашата кожа. Носењето ленена облека го поддржува здравјето и добросостојбата.
3. ЕКО-ПРИЈАТЕЛСКА
Ленената ткаенина е 100% природна, биоразградлива и се рециклира. Исто така, растението лен има многу мало влијание на средината, затоа што неговото одгледување бара многу мали количини вода.
Со избор на ленена облека исто така правиме и нешто добро за средината. Том Тејлор тежнее кон поодржлива мода и затоа ленената облека со своето минимално влијание на средината е незаменлив дел од нашиот "БИДИ ДЕЛ" начин на размислување.
4. ОДРЖЛИВОСТ ЗА СЕКОЈА СЕЗОНА
Главната предност на ленената ткаенина е можноста да апсорбира влага, помагајќи при регулација на телесната температура. Чистата ленена ткаенина може да апсорбира до 20% од својата тежина во влага, но сепак да остане сува на допир. Ја апсорбира влагата брзо и ја отстранува од кожата, давајќи ни чувство на ладно и на свежина. Токму затоа ленената облека е совршена за летото.
Во поладните месеци пак, чистата ленена ткаенина се покажало дека е природен топлински изолатор. За разлика од волнените алишта, кои пред сѐ нѐ топлат, но набрзо започнуваме да се потиме, ленената облека ја задржува топлината од нашето тело, помагајќи да се ослободиме од вишокот топлина и влага, за да може да се чувствуваме удобно во неа.
5. УДОБНА ЗА НОСЕЊе
Ленените модни парчиња се многу воздушести благодарение на природните влакна и не се лепат за нашата кожа. Тоа што се воздушести и имаат способност да ја соберат влагата ни помага кога носиме ленена облека да го избегнеме непријатното чувство на зголемена топлина и препотување, што е честа појава при носење синтетичка облека. Ленената облека најчесто е достапна во поопуштени кроеви, што дополнително помага кон чувството на удобност при носењето.
Како да се грижите за ленените алишта?
Ленените парчиња облека се едноставни за одржување. Иако се многу издржливи и стануваат помеки и понежни со секое перење, мора да го земеме предвид следното:
- Може да се перат во машина за перење алишта, но не на температура повисока од 40 степени.
- Ленената облека се собира од премногу ладна или премногу топла вода.
- Избелувач не треба да се користи.
- Сушење во машина за сушење алишта не се препорачува.
- Ленената ткаенина е природно набрана, па за пеглањето ви е потребно малку повеќе трпение.
Со соодветна нега и внимание, ленената облека ќе трае многу години.
ТОМ ТЕЈЛОР ЛЕТНА КОЛЕКЦИЈА ЛЕНЕНА ОБЛЕКА
Ленените алишта без дилема се најдобриот избор за летните денови, па затоа ги вклучивме во нашата нова летна колекција. Летната женска колекција вклучува ленени летни фустани, долги ленени панталони и ленени блузи, а мажите може да одбираат од ленени коѓули со кратки и долги ракави, ленени кошули во стил на туника и ленени долги панталони.
Одберете Том Тејлор ленени модни парчиња и уживајте во лесното воздушесто чувство на оваа природна ткаенина!