Женска колекција пролет 2022
Женската колекција ни носи дезен со линии кои се примарно присутни на џемпери, кардигани, кошули и маици. Модните парчиња со линии најдобро доаѓа до израз кога се комбинира со еднобојни панталони. Најдобар избор за секој ден се дефинитивно фармерките, кои се составен дел од нашата нова колекција. Покрај фармерките во различни кроеви и бои, оваа колекција нуди и поелегантни панталони со широки ногавици и висок струк, како и панталони во стил на тренерки. Сепак, наместо горен дел со линии, можете да се одлучите за модна комбинација со линии од глава до пети, поточно да изберете долг фустан со линии.
Дел од новата колекција се и модните парчиња со мал цветен дезен, кој е најчесто присутен на блузи и фустани. Ако не сте љубител на дезените, достапни се и еднобојни модни парчиња како подолги кошули, блузи, маици и дуксери. Помеѓу може да најдеме и по некој плетен артикл, а треба да го нагласиме плетениот елек, кој одлично се комбинира со класична бела кошула. Спортските ентузијасти не треба да го пропуштат спортскиот комплет со хеланки и топ, но доколку највеќе уживате во удобноста на тренерките, ве очекуваат комплети со истобоен горен и долен дел.
Пролетта е преоден период кога деновите стануваат малку потопли, а нашите зимски јакни полека почнуваат да се чуваат во плакарите. Новата колекција за оваа намена нуди широк асортиман на јакни во стил на кошула, потенки парка јакни и ватирани јакни. Не заборавивме ниту на аксесоарите, како чанти или ремени, со кои можете да го заокружите вашиот изглед.