Пристигнува “Black Friday“!

Не пропуштајте го најголемиот шопинг празник - “BLACK FRIDAY“!

“Black Friday“ се наближува, а со него и попустите во Том Тејлор продавниците.

Дали веќе некое време ја гледате нашата понуда: Ги одбравте вашите фаворити, но сѐ уште се двоумите дали да ги набавите? Почекајте ги неверојатните попусти кои ги приготвивме за вас оваа година!

Попуст на сите артикли

Шопингот за време на “Black Friday“ навистина се исплати затоа што големите попусти се загарантирани. Без разлика дали сте во потрага само по едно модно парче за да ја комплетирате вашата гардероба, или пак сакате големо сезонско освежување на гардероберот за целото семејство - кај нас за “Black Friday“ ќе пронајдете попусти за сите. 

Оваа година Том Тејлор нуди попуст на сите артикли за време на “Black Friday“. Најдоброто од сѐ?  Можете да уживате во неверојатните шопинг зделки повеќе дена по ред - од четврток, 28.11.2024, до недела, 01.12.2024 година.

Што да купите?

Јакни 

За време на “Black Friday“ ви препорачуваме да се подновите со зимска јакна. Вообичаено се малку поскапи, па секоја заштеда на нив е добредојдена. Во понудата на Том Тејлор ќе пронајдете голем избор на јакни за мажи и жени кои ќе ве импресионираат со нивниот удобен крој и квалитетни материјали.

 

Фармерки 

Апсолутно обожуваме фармерки! Ви ги препорачуваме нашите класици: фармерки со целосно припиен крој, тесни фармерки и фармерки со класичен крој “Alexa“ и “Kate“ за неа, како и фармерките со тесен крој “Josh“ за него. Том Тејлор фармерките се направени од органски памук, а користевме и еко-пријателски техники за процесирање на текстилот за да ја постигнеме препознатливата сина боја. 

 

Плетени артикли

Подгответе се за студените денови со топла трикотажа. Ќе пронајдете голем избор на плетени артикли за секоја пригода. Дамите ќе ги обожуваат плетените фустани и топлите плетени кардигани, додека мажите не смеат да ги пропуштат класичните монохроматски џемпери.

Не пропуштајте ја можноста за шопинг по поволни цени! Посетете ги нашите продавници!