Машки преодни јакни за секоја пригода

Изборот на машка јакна не е секогаш едноставен, затоа што јакната е повеќе од парче кое ве топли и заштитува од временските услови во преодниот период. Машката јакна треба да биде синоним за безбедност, удобност и моден исказ, затоа што секој маж треба да се чувствува удобно и опуштено во неа. 

Ви претставуваме одржливи преодни јакни кои ќе ве одржуваат во тренд неколку сезони една по друга.

Каков тип на преодна јакна му е потребна на мажот?

Том Тејлор преодните јакни го овозможуваат токму она што на мажите им е потребно за секојдневен комфорт.

  • Разноликоста им овозможува да се носат секој ден и во комбинација со различни парчиња машка облека.
  • Различните модели одговараат со различни комбинации - од секојдневен стил со фармерки до посериозен изглед со панталони.
  • Модните трендови се инспирирани од безвременски кроеви кои поддржуваат одржлив став кон носење на една јакна повеќе сезони.
  • При одлучувањето за квалитетна јакна направена од одржливи материјали (органски памук, рециклиран полиестер, органска вискоза),модата зајакнува важна поврзаност со животната средина од година во година.
  • Неутралните линии им овозможуваат на мажите да се изразат различно на модни начини.
  • Неутралните нијанси бои даваат важен придонес кон сериозноста со нагласување на модниот изглед, без разлика на пригодата.

Модели на машки јакни

Машки елек

Лесниот елек им ја овозможува слободата на движење на мажите која им е потребна, благодарение на едноставниот крој кој овозможува совршено да прилега. Ватираниот лесен елек со класичен крој има едноставна исправена јака, додека декоративното шиење во пределот на рамениците и ватираната структура на ткаенината додаваат допир моден стил.

Елеците се совршени за комбинирање со машки џемпер или подебела машка маица со кратки ракави.

Благодарение на ткаенината од рециклиран полиестер, тенкиот елек е корисен во сите временски услови, затоа што не попушта вода и ја задржува телесната топлина. Хибридниот елек овозможува и екстра безбедност во вечерите, благодарение на неговите рефлектирачки детали.

 

Јакни од различни материјали

Помеѓу класичните кроеви на лесни преодни јакни, секојдневната јакна е наш фаворит, со класично закопчување со патент кое одговара и со деловни панталони и дава тренди изглед. За деловни пригоди,  gives a trendy look. For business occasions, јакната од вештачки велур е исто така добар избор. Може да се комбинира со машки костум или фармерки.

Исто толку удобна и лесна, но на изглед поопуштена, е “бомбер“ јакната со патент. Инспирира со класичниот изглед, но се истакнува благодарение на нејзиниот пола-околувратник и одличните можности за модни комбинации.

Лесна ватирана јакна

Ватираните јакни се популарни помеѓу мажите затоа што се топли и удобни, едноставни за комбинирање со голем избор облека и едноставни за одржување, благодарение на  високиот квалитет на ткаенината од рециклиран полиестер.

За повеќе заштита од студ, лесната јакна со качулка со својата брановидна структура е навистина специјална кога станува збор за мода. Не пропуштајте ја и ватираната моторџиска јакна која ја допира машката душа на специјален начин.

 

Машка хибрид јакна

Активните мажи кои секогаш се тренди ги преферираат класичните хибридни јакни со контрасни јаки и џебови. Удобноста е загарантирана со микс на материјали и рециклирани изолациски материјали со водоотпорни својства и висока отпорност на ветер. 

Декоративната хибрид јакна со качулка оди еден чекор погоре во контекст на модниот израз, со својата ватирана структура е карактеристична на прв поглед, и со јака која се прилагодува со врвка и качулка која се отстранува. Оние мажи кои се љубители на спортските класици кога станува збор за модата, ќе преферираат “бомбер“ јакна со качулка која нежно го прегрнува телото, или пак јакна со спорстки крој за целосно опуштање.

 

Softshell јакна

Многу популарни помеѓу мажите се “softshell“ јакните, затоа што тие се совршенииот избор за секојдневни активности или различни спортски пригоди. Нивниот лесен материјал овозможува топлина и удобност. Водоотпорниот материјал обезбедува заштита, а внимателната осмисленост овозможува удобен фит и топлина, додека рефлектирачките елементи се грижат за безбедноста за време на активностите на отворено.

Памучни јакни

Памучната јакна е секогаш во тренд, не само заради нејзината удобност и одржливиот материјал, туку и заради нејзината разноликост. Теренската јакна која содржи одржлив памук се истакнува со своите закосени џебови. Јакната со дополнителни џебови и патент зашиен на ракавот ќе се погрижи за модерен изглед на мажот.

 

Јакна-кошула

Монохроматската јакна-кошула ги има сите модни акредитиви и иако има прав крој, овозможува да си “играте“ со различни стилови. Јакната-кошула едноставно може да ја комбинирате со поделовен стил на облекување. Карираната јакна-кошула го истакнува популарниот кариран дезен и има прилагодлива, отстранлива јака изработена од кадифена ткаенина која убаво топли во постудените месеци.

 

Тексас јакна

Мажот кој предерира безвременски класици исто така ќе се одлучи и за тексас јакна. Благодарение на класичниот крој, тексас јакната може совршено да се комбинира со машка ролка и изгледа стилски софистицирано во комбинација со фармерки во иста нијанса. Декоративното шиење низ целата површина на јакната ја нагласува модната линија на класичниот крој. Широката тексас кошула, со своите модерни џебови, изгледа послободно.

Јакна од вештачка кожа

Имитацијата на кожна јакна е задолжително модно парче за многу мажи, особено кога за нејзино производство е користена високо-квалитетна вештачка кожа. Јакните имитација на кожа се носиви долги години и се секогаш модерни, па затоа може да се опишат како одржлив избор. Моторџиската јакна од вештачка кожа е многу стилска на изглед, но истовремено опуштена и атрактивна во комбинација со фармерки.

 

Преодна јакна за заштита

Преодните периоди кои пристигнуваат со утринскиот студ може да бидат непријатни, па затоа добра идеја е да размислувате за вистинскиот крој при избор на јакна. “Парка“ јакната е лесна и малку подолга од традиционалната јакна, па ефективно ги штити телото во различни временски услови. Лесната јакна со исправена јака го штити откриеиот предел на вратот од ладното.

 

Том Тејлор преодните јакни се паметен моден избор затоа што:

  • секогаш се во тренд благодарение на класичните кроеви збогатени со специјални детали;
  • секогаш се со највисок квалитет благодарение на одржливите материјали и затоа може да се носат повеќе сезони;
  • незаменливи се во сечија машки гардеробеер на маж кој е свесен за важноста на модниот израз.

Одржливи модни избори

Пролетните јакни се прашање на стил. Од презентираните Том Тејлор модели, едноставно ќе ја пронајдете вистинската јакна за вашиот животен стил, различните пригоди и личните модни преференци.

Со избор на одржливо модно парче, ги поддржуате напорите на Том Тејлор за заштита на животната средина преку иницијативата “БИДИ ДЕЛ“, која ја подигнува свесноста за бенефитите на одржливата мода и охрабрува промислено купување на модни парчиња.

Приклучете се на Том Тејлор семејството и уживајте во големиот број поволности при купување облека нарпавена од одржливи материјали кои гарантираат удобност и квалитет, секогаш се во тренд и се соодветни за сите пригоди.