Детска колекција
Том Тејлор
Том Тејлор
Животот е полн со авантури, игри и истражување. Без разлика дали нашите деца се качуваат по дрвја, скокаат на вирови, играат криенка или само смирено читаат книга, важно е детската облека да е со висок квалитет и спремна за секојдневните предизвици. Том Тејлор е свесен за ова и затоа креиравме колекција со детска облека која ја доближува секојдневната удобна мода до нашите најмали. Том Тејлор колекцијата за деца се состои од облека за девојчиња, момчиња и тинејцери. Подетален опис на индивидуалните детски колекции може да погледнете подолу.
ТОМ ТЕЈЛОР ЗА ДЕВОЈЧИЊА И ТИНЕЈЏЕРКИ
Том Тејлор детската колекција за девојчиња и тинејџерки носи модерна и квалитетна детска облека во нашата карактеристична Том Тејлор сина боја во различни тонови, комбинирана со невино бела. Нијанси на розова, праска боја и виолетова ја дополнуваат детската игривост и разнобојност. Том Тејлор колекцијата за мажи и жени оваа година опфаќа и дезен со линии - исто така вклучени во детската облека како џемпери, маици со кратки ракави и јакни со долги ракави и качулки. Помеѓу различните дезени пронаоѓаме цветни, со точки и “баклави“.
Забавен избор за секојдневниот изглед на децата дефинитивно се едноставните маици со кратки ракави за девојчиња кои имаат интересни мотиви и натписи, кои, дополнети со игривата детска насмевка, го осветлуваат и најтмурниот или дождлив ден. Ќе постигмнеме прекрасна комбинација доколку додадеме фармерки и јакна со качулка како дополнување на ваквата маица.
Кога температурите се малку пониски, не смееме да го заборавиме квалитетот и отпорноста на студ и ветер на детската облека. Во понудата за женската детска колекција ќе пронајдете јакни за девојчиња, ватирани јакни, тексас јакни и кошули направени од подебел материјал, кои се одлична замена за класичните јакни во преодниот период.
Како што се доближуваме до потоплите денови, во игра се пократките детски модни парчиња. Том Тејлор детската колекција ќе ви понуди голем избор на лесни здолништа, маици со кратки ракави, кратки панталони и фустани за девојчиња, збогатени со топли летни мотиви и класични морнарско сини линии. Девојчињата и тинејџерките со сигурност ќе бидат воодушевени од интересните модни додатоци и кроеви, како чворови на крајот на маиците и кошулите, карнери на ракавите и панделки на рамењата.
ТОМ ТЕЈЛОР ЗА МОМЧИЊА И ТИНЕЈЏЕРИ
Како и кај девојчињата, детската облека за момчиња е обоена во убави сини Том Тејлор нијанси кои се збогатени со тиркизна, маслинеста, сива и малку нагласена праска боја. Различните мотиви на маиците со кратки ракави и џемперите со качулки ја изразуваат детската игривост, додека класичните линии креираат тренди изглед за момчињата и тинејџерите.
Постарите момчиња дефинитивно ќе бидат воодушевени од удобните спортски парчиња како џемпери, дуксери и тренерки за момчиња. Додадете тексас или “бомбер“ јакна за избор на квалитетна облека, правејќи ги младите момчиња вистински момци.
Кога одбирате облека за училиште, момчешките фармерки се на прво место. Том Тејлор детската колекција за момчиња нуди голем избор на квалитет и удобни модели фармерки во класични сини и сиви нијанси кои одлично прилегаат во комбинација со различни маици. Долниот дел исто така одговара со едноставни еднобојни маици со кратки ракави или маици со кратки ракави со дезен со линии и поло маици комбинирани со кардиган.
Тинејџерите сигурно исто така ќе се развеселат од кошулите со дезен со линии, затоа што ова парче облека ќе ги одвои чекор понапред од детската игривост, правејќи ги малку посериозни. Комбинирани со лесни преодни јакни или плетен џемпер, инстантно ќе станат вистински млади.
Без двоумење ќе им се допадне и широкиот изгор на маици со кратки ракави со интересни дезени и натписи - поврзани со долго-очекуваното лето во пролетните месеци, кога веќе надвор е пријатно. Ќе може да ги поминат најсончевите и најтопли денови во живописна маица со кратки ракави со дезен со палми и кратки фармерки и кратки панталони во стил на тренерка.
За вашите намали да бидат во чекор со модата, погледнете ја широката понуда на Том Тејлор детската колекција и откријте прекрасни, функцоинални детски модни парчиња со висок квалитет.