Ние користиме колачиња

Веб-страницата користи колачиња за да го подобри корисничкото искуство, да ги следи и анализира посетите и да работи со функционалност што не би била возможна без колачиња. Со кликнување на копчето „Инсталирај ги сите“, се согласувате со нивната инсталација.

Вистинските фармерки за секој облик на тело

Фармерките се безвременско модно парче кое никогаш не излегува од стил. Може да се носат речиси за секоја пригода, без разлика дали станува збор за завршување на секојдневните обврски, вечерно излегување со пријателите или важен деловен состанок. Совршени се за жени од сите возрасти и облик на тело, нагласувајќи ја силуетата и овозможувајќи безбројни модни комбинации.

За жал, шопингот на фармерки за многу жени е вистински кошмар. Но зошто тоа да биде така? Доколку знаете каков облик има вашето тело и следите неколку основни правила, шопингот на фармерки станува пријатна задача.

За да ја направиме вашата потрага поедноставна, составивме водич кој ќе ви помогне да ги пронајдете фармерките кои ви прилегаат совршено!

Облик на тело

Женските тела често се класифицираат во пет основни облици на тело:

ЈАБОЛКО: Округол и заоблен горен дел на тело (гради, стомак), без дефиниран струк, потесни колкови и потенки нозе. Стомакот е најголем проблем.

КРУША: Потесен горен дел на тело, пошироки колкови и бутови. Ова е најчестиот облик на женско тело. 

ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК: Балансирана фигура со рамења и колкови пропорционално широки и дефиниран струк.

ПРЕВРТЕН ТРИАГОЛНИК: Пошироки рамења и потесни колкови, често атлетски.

ПРАВОАГОЛНИК: Минимална разлика помеѓу половината, колковите и рамењата, права фигура без облини.

Секој телесен облик има уникатни карактеристики, па важно е да се одберете фармерки кои ги нагласуваат атрибутите и најдобро прилегаат. Најважните фактори при избор на фармерки се висината и кројот, затоа што тие се одлучувачки за тоа како фармерките ќе прилегаат на телото и ќе ја обликуваат силуетата.

Висина на фармерки

НИСКИ

Фармерките со низок струк стојат ниско на колковите, околу 5 до 8 сантиметри под папокот. Може да ги нагласат колковите и се соодветни за атлетски и тенки фигури, но не се препорачуваат за оние кои сакаат повеќе поддршка во пределот на половината. Креираат опуштен и младешки изглед.

 

СРЕДНИ

Фармерките со среден струк стојат веднаш под природната половина. Тие се најкласични и се добар компромис помеѓу фармерките со висок и низок струк. Прилегаат на поголемиот дел од облиците на тела.

 

ВИСОКИ

Фармерките со висок струк се носат неколку сантиметри над папокот или во пределот на папокот. Визуелно ги издолжуваат нозете и го нагласуваат струкот. Совршени се за оние кои сакаат да го сокријат стомакот.

Крој на фармерки

ПРАВ КРОЈ

Најкласичен крој, каде ногавиците се прави и одржуваат конзистентна ширина од колковите до глуждовите. Фармерките со прав крој не нагласуваат одредени делови на телото, туку ја балансираат фигурата.

 

МНОГУ ТЕСЕН КРОЈ

Фармерките со многу тесен крој (skinny) се припиени на телото по целата должина - околу колковите, бутовите и глуждовите. Нивна главна карактеристика е тоа што го нагласуваат обликот на нозете и колковите. Често содржат еластин, кој овозможува поголема удобност и флексибилност. 

 

ТЕСЕН КРОЈ

Фармерките со тесен крој (slim) тесно прилегаат на телото, но овозможуваат повеќе простор во пределот на бутовите и колената. Нивна главна карактеристика е тоа што ги обликуваат нозете без да креираат чувство на стегање.

 

ОПУШТЕН КРОЈ

Фармерките со опуштен, широк крој се дизајнирани за удобност. Тие се пошироки во пределот на бутовите и колковите, а кројот е поопуштен низ целата должина на нозете, овозможувајќи голема слобода на движење.

Има повеќе различни модели:

  • Tapered“ фармерки, кои се стеснуваат во пределот на глуждовите
  • Ѕвонаст фармерки
  • Фармерки со широки ногавици
  • Culotte“ фармерки со пократки широки ногавици
  • Boyfriend“ фармерки во стил на машки фармерки

Облик на тело: ЈАБОЛКО

Облик на тело: КРУША

1. Ѕвонасти ногавици: Поширокиот долен дел на ногавиците балансира со широките колкови. 

2. Прав крој: Фармерките со прав крој убаво прилегаат на нозете, без да ги нагласат колковите и креираат балансиран изглед.

3. Висок струк: Фармерките со висок струк ја нагласуваат дефинираната половина и визуелно ги издолжуваат нозете. 

4. Фармерки со широки ногавици: Ги покриваат широките колкови и бутови, истовремено овозможувајќи модерен и стилски изглед.

 

ШТО ДА ИЗБЕГНУВАТЕ?

  • премногу тесни фармерки
  • низок струк
  • многу тесен крој околу колковите

 

НАЈДОБРА КОМБИНАЦИЈА: Фармерки со висок струк со прави или ѕвонасти ногавици, комбинирани со горен дел кој додава волумен во пределот на рамењата (маици со нагласени ракави, блејзери со потпунки кај рамењата). Резултатот е попропорционална фигура.

Облик на тело: ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК

1. Висок струк: Фармерките со висок струк совршено ја нагласуваат вашата природно дефинирана половина и облини, додека визуелно ги издолжуваат нозете. 

2. Ѕвонасти ногавици: Ги нагласуваат природните облини и женствената силуета.

3. Прав крој: Го одржуваат природниот облик на телото, без да додадат дополнителен волумен. 

4. Тесен или многу тесен крој: Фармерките со тесен или многу тесен крој убаво ги нагласуваат облините.

5. Фармерки со широки ногавици: Ја балансираат дефинираната половина и ја издолжуваат фигурата.

 

ШТО ДА ИЗБЕГНУВАТЕ?

  • низок струк
  • премногу широк стил
  • фармерки без еластин кои не прилегаат

 

НАЈДОБРА КОМБИНАЦИЈА: Фармерки со висок струк, со тесен крој и струкиран горен дел или блуза, вметната во фармерките. Оваа комбинација ја нагласува дефинираната половина и овозможува балансиран изглед за целата фигура.

Облик на тело: ПРЕВРТЕН ТРИАГОЛНИК

1. Ѕвонасти ногавици: Ѕвонастиот долен дел на ногавиците додава волумен и ги балансира широките рамења.

2. Фармерки со широки ногавици: Го нагласуваат долниот дел на телото, додавајќи ширина во пределот на колковите и креирајќи хармонична силуета.

3. “Boyfriend“ фармерки: Опуштениот крој кај колковите и бутовите додава волумен на нозете, помагајќи да се балансираат широките рамења.

4. Прав крој: Фармерките со прав крој одржуваат балансиран изглед баз да ја нагласуваат целосната фигура премногу.

5. Детали во пределот на колковите (џебови, вез, избледен изглед): Визуелно го прошируваат долниот дел на телото, помагајќи да се креира посиметричен и балансиран изглед.

 

ШТО ДА ИЗБЕГНУВАТЕ?

  • многу тесни фармерки
  • ногавици кои се стеснуваат кон глуждовите
  • темни, монохроматски фармерки

 

НАЈДОБРА КОМБИНАЦИЈА: Фармерки со широки ногавици и интересни детали или посветол избледен изглед, комбинирани со едноставен горен дел.

Облик на тело: ПРАВОАГОЛНИК

1. Висок струк: Фармерките со висок струк ја нагласуваат половината и креираат илузија на поголеми облини.

2. Ѕвонасти ногавици: Фармерките со ѕвонасти ногавици додаваат волумен на долниот дел на телото, креирајќи поженствена силуета.

3. Фармерки со широки ногавици: Фармерките со широки ногавици овозможуваат фигурата да биде обликувана на поопуштен начин со креирање повеќе волумен во долниот дел на телото, што помага да се избалансира рамната фигура.

4. “Tapered“ фармерки: Фармерките кои се стеснуваат кон глуждовите се одличен избор за овој облик на тело затоа што се пошироки во пределот на колковите и бутовите, креирајќи подефиниран облик.

5. Детали на колковите (џебови, вез, избледен изглед): Додаваат волумен на колковите и креираат изглед на облини.

 

ШТО ДА ИЗБЕГНУВАТЕ?

  • низок струк
  •  фармерки кои се премногу тесни или премногу прави
  • монохроматски темни фармерки без детали

 

НАЈДОБРА КОМБИНАЦИЈА: Фармерки со висок струк и поширок крој, комбинирани со горен дел кој додава волумен (карнери, слоеви, ремени) за подефинирана силуета.