6 женски преодни јакни

Пролетта ни чука на вратата. Дали сте и вие едни од одние кои одбројуваат до подолги, потопли денови полни со боја и разиграност? Новата сезона исто така носи и различна гардероба. Женските преодни јакни се исклучително практични во овој период од годината. 

Пролетната гардероба е доста различна од зимската. Пролетните алишта се најчесто полесни, потенки и поразнобојни. Најдоброто од нив се преодните јакни, кои додаваат дополнителен зачин на вашиот изглед додека истоврмено ве топлат во поладните вечери и ве штитат од дождот и ветрот.

Погледнете кои преодни јакни се супериорни во гардероберот на верните следбеници на модата.

Ватирани јакни за максимална удобност

За оние кои ја ценат удобноста и практичноста, тука се лесните ватирани јакни. Совршени со фармерки или “smart“ комбинации, исто така ќе сакате да ги комбинирате и со спортска облека. Може да ве придружуваат и на работа, или пак во пригоди кога сте подотерани, во слободното време или пак, кога сте надвор со пријтелите или спортувате.

Тенките ватирани јакни се исто така достапни и како регуларни јакни или елеци во смирени и во јаки бои. Овој вид на јакна е привлечен за жени кои имаат различен вкус за различни пригоди.

Најголемите предности на тенките ватирани јакни се:

  • извонредна разноликост;
  • Варијации кои прилегаат на сечиј вкус;
  • Неверојатна удобност и практичност;
  • Одлична заштита од дожд и ниски температури.

 

Запознајте ги хибридните јакни

Преодните сезони се препознатливи по нивните променливи временски услови, па може да биде предизвик да се одбере вистинската јакна што ќе овоззможи заштита во сите временски услови. Имајќи го предвид променливото време, ги креиравме специјалните хибридни јакни кои ќе ве заштитат од ветер и дожд. Исто така се лесни и направени од ткаенини кои овозможуваат циркулација на воздухот, истовремено овозможувајќи изолација и заштита од ладното во студените вечери.

Хибридните пролетни јакни се достапни во голем број дизајни и бои и се соодветни за сечиј вкус. Тие ќе бидат совршени за патувањето кон работа, за попладневната прошетка, па дури и за вечер надвор со пријателите.

Хибридните јакни овозможуваат:

  • заштита од ветер, дожд, сонце и ладно;
  • уникатна удобност;
  • разноликост;
  • различни бои за сите пригоди.

Модерен мантил

За нијанса потенок и полесен мантил е префериран за потоплите пролетни денови. Ќе ве импресионира со својата супер мека, удобна ткаенина која ќе сакате да ја носите. Затоа што е многу стилски, често се комбинира во деловни комбинации од следбениците на модата кои сакаат да постигнат уреден изглед додека ја одржуваат удобноста.

Беж и кафена се најкласичните бои на мантили, но други бои, како морнарско сина, стануваат сѐ попопуларни. Достапни се во голем избор на кроеви, но изборот зависи од вашиот вкус, целокупниот изглед и пригодата за која би го носеле мантилот.

Мантилот ќе ве шармира затоа што има:

  • безвременска елеганција;
  • разноликост на бои и кроеви за секоја пригода;
  • екстремно мека ткаенина;
  • неверојатна леснотија и удобност.

 

Евергрин тексас јакна

Кога станува збор за женски преодни јакни, не можеме да не ја забележиме тексас јакната. Таа е совршена за дополна на модната комбинација во потопли, посончеви денови. Одлично прилега со фармерки, спортска облека, како и со поелегантен изглед, како кошула или различни фустани.

Тексас јакната ќе додаде доза игривост, опуштеност и отвореност на вашиот изглед, па токму затоа и е совршена за социјални настани, средби, прослави и забави.

Модерна пролет со парка јакна

Уште една популарна женска преодна јакна дефинитивно е парката. Препознатлива е по својот карактеристичен изглед и затоа исто така одговара одлично и со поуникатни модни комбинации. Парка јакната беше најпрво популарна во маслинесто зелена боја, но денес е достапна во голем број бои и кроеви за да одговара на различниот вкус.

Меката ткаенина овозможува неверојатна удобност и парките се исто така доста лесни и продирни за воздух, што ги прави одлични зи потопли денови.

Предностите кои ги прават парка јакните толку импресивни се:

  • Уникатниот изглед за уникатни модни комбинации;
  • Неверојатната мекост и удобност;
  • Разновидноста на бои и кроеви соодветни за различни вкусови;
  • леснотијата и продирноста на воздух.

 

Кожни јакни на малку поинаков начин

Дали сте исто така љубител на кожните јакни, но сакате производ кој е пољубезен кон животните и природата? Тука се специјалните јакни од вештачка кожа кои се избор на вљубениците во модата. Покрај тоа што имаат изглед на вистинса кожа, направени се од алтернативни, високо-квалитетни материјали кои се љубезни кон животната средина.

Кожните јакни ќе ве заштитат од студот, дождот и ветерот, додека ви овозможуваат привлечен изглед. Може да се комбинираат за различни пригоди, и за работа и за рекреација.

Том Тејлор нуди женски преодни јакни за сечиј вкус

Доколку и вие барате квалитетна пролетна јакна, Том Тејлор е вистнското место за вас. Нашата продавница има преодни јакни за секоја пригода и вкус, а ние континуирано ви докажуваме дека модата, удобноста и екологијата одат заедно, рака под рака.

Со оглед на тоа дека сме големи фанови на природата и планетата, горди сме што нашите производи се направени од одржливи материјали кои ќе траат долго време. Сакаме да ви понудиме безвременски парчиња кои ќе ги користите да креирате различни модни комбинации во претстојните години.

За нас, важно е да се чувствувате одлично во нашите алишта, па затоа нудиме удобни модни парчиња и различни кроеви кои прилегаат на различни типови на тело. Имаме и избор на “plus size“ парчиња за сите да може да уживаат во нашата облека.

Лесното одржување е исто така предност на нашата облека. Сакаме да ви понудиме парчиња за кои едноставно ќе се грижите за да ги одржите во одлична состојба и за да изгледаат одлично долго време.

Освежете ја вашата пролетна гардероба со безврменски Том Тејлор модни парчиња и не заборавајте да се приклучите на Том Тејлор семејството. Ќе добиете голем број поволности и одржливи модни совети за да ви помогнат да правите совесни, еко-пријателски модни избори.