Одржливи модни избори за летен изглед
Кога купуваме облека, тежнееме да се фокусираме на боите, кроевите и големината, додека не обрнуваме доволно внимание на изборот на материјал. Дали знаевте дека нашиот избор на материјал може да има позитивно или негативно влијание врз животната средина?
Модната индустрија користи ткаенини кои можат да им наштетат на луѓето, животните и животната средина поради начинот на кој се добиваат суровините и производствените процеси. Сè повеќе компании стануваат свесни за негативните влијанија на брзата мода и затоа даваат приоритет на употребата на одржливи алтернативи за ткаенина. Том Тејлор е една од нив.
Во текот на летните денови, особено е важно да се изберат лесни материјали кои овозможуваат циркулација на воздух. Погрижете се вашиот избор да биде еколошки. Изберете одржливи ткаенини!
Што се “одржливи ткаенини“?
Традиционалните ткаенини - памук, вискоза, кожа и многу други - историски се развивале имајќи го предвид профитот (не нашата планета), што резултирало со еколошки штетни методи за набавка на суровини (неодржливо земјоделство, уништување на шумите и екстракција на нафта), хемиски-интензивна обработка на материјали (пластифицирање, белење, омекнување и боење) и акумулација на отпад.
Одржливите ткаенини се еколошка алтернатива на традиционалните ткаенини. Направени се од природни или рециклирани материјали и имаат за цел да ја намалат штетата предизвикана од процесот на производство, својствата на влакната или целокупното влијание врз животната средина. Придонесуваат за намалување на отпадот, зачувување на водата, намалување на јаглеродот и регенерација на почвата. Подолу ќе ви претставиме неколку одржливи ткаенини.
Органски памук и рециклиран памук
Памукот е најчесто користената ткаенина за облека и игра важна улога во целокупниот екосистем. Одгледувањето на памук бара големи ресурси како што се вода, пестициди и инсектициди, а сегашните методи на производство се еколошки неодржливи, предизвикувајќи сериозни суши и загадување во некои области.
Решението е органски памук. Органскиот памук се одгледува органски, без употреба на пестициди или штетни хемикалии. Ако сакате уште поодржлив избор, одлучете се за облека направена од рециклиран памук. Користењето на рециклиран памук помага да се намали потрошувачката на вода и енергија и количината на фрлена памучна облека. При купување, внимавајте облеката да има етикети со посебни сертификати за да докаже дека е навистина направена од органски или рециклиран памук.
Тренд ова лето е тексасот, а се истакнуваат женските фармерки во светли бои и широки кроеви, како и тексас здолништето. Комбинирајте ги со едноставна бела маичка. За мажите, зачинете го вашиот летен изглед со широка тексас кошула или останете верни на класиката - тексас кратки панталони. Погрижете се вашите фармерки да се од органски памук.
Вискоза
Вискозата е еден од најпопуларните материјали во модната индустрија, познат и како „вештачка свила“. Пријатно е мека на допир, мазна, тенка и има убав “пад“ по телото. Бидејќи дава пријатно чувство на свежина, вискозата се користи за летни фустани, здолништа, панталони и блузи.
Прво, целулозните влакна се раствораат во хемиски раствор за да формираат вискозна супстанција. Супстанцијата може да се преде во влакна, од кои потоа се прави предиво. Поради брзорастечката брза модна индустрија, најголемиот дел од вискозата се произведува со интензивни процеси со енергија, вода и хемикалии, со катастрофални последици за работниците, локалните заедници и животната средина.
Одржлива алтернатива е LENZING™ ECOVERO™ еколошката вискоза од Lenzing AG. Во споредба со конвенционалната вискоза, нејзиното производство има значително помало влијание врз животната средина. Направена е од целулоза извлечена од дрво од сертифицирани и одржливи шуми. Хемикалиите што се користат во одржливиот производствен процес повторно се користат, што резултира со 50% помалку емисии и половина од потрошувачката на енергија и вода.
Лен
Ленената облека е најдобар избор за топлите летни денови. Направена е од природна ленена ткаенина, која “дише“, ја отстранува влагата и брзо се суши, а на овој начин ни овозможува удобност и свежина. Ленната облека е издржлива и станува помека со секое перење.
Од сите ткаенини, ленот дефинитивно е најодржливиот избор. Всушност, ленот е едно од најодржливите растенија бидејќи му треба помалку вода од памукот и може да расте без употреба на ѓубрива или пестициди. Тоа е обновлив ресурс кој може да се собере без да и се наштети на животната средина.
Целото растение може да се вткае во ленени влакна, па речиси и да нема отпад при предење и ткаење. Производството на ленена ткаенина користи многу помалку вода од памукот, а ленените влакна може да се обработуваат без употреба на хемикалии. Ленот е исто така биоразградлив и може да се рециклира.
Летната колекција на Том Тејлор нуди одличен избор на ленена облека. Во понудата ќе пронајдете ленени фустани, ленени долги панталони и ленени кратки панталони, ленени кошули и ленени блузи. Многу тренди изглед е комбинирањето на соодветни ленени горни и долни делови облека.
Други одржливи ткаенини
- Ткаенина од коноп: Таа е една од најеколошките природни ткаенини бидејќи не бара многу вода или хемикалии.
- Рециклиран полиестер: Направен е од рециклирани пластични шишиња и неговото производство предизвикува помали емисии на јаглерод диоксид.
- TENCEL™ Lyocell: Ова е иновативно влакно од Lenzing AG, произведено од одржливо собрано дрво со користење на уникатен, затворен кружен систем кој ги обновува и повторно ги користи искористените растворувачи, намалувајќи го влијанието на производството врз животната средина.
- TENCEL™ Modal: Уште едно од иновативните влакна на Lenzing AG.
БИДИ ДЕЛ
Том Тејлор е свесен за негативното влијание што модната индустрија го има врз животната средина, поради што сè повеќе од нашите алишта се направени од одржливи ткаенини и на поодржлив начин. Можете да ги најдете под ознаката БИДИ ДЕЛ.
"БИДИ ДЕЛ" ги следи следните принципи:
- БИДИ ЗА ПОМАЛКУ: Користење на техника на боење на тексасот во чии рамки повторно се употребува 98% од водата.
- БИДИ ЗА ПОВЕЌЕ: Користење на органски памук, органска вискоза и рециклиран полиестер.
- БИДИ ФЕР: Придржување до етички кодекс, обезбедување безбедна и фер работна средина, забрана за употреба на одредени материјали од животинско потекло.
- ЗА ПОВЕЌЕ: Одржливост како дел од корпоративната култура на Том Тејлор.