Облека за мали деца без штетни адитиви
Детската облека често се наоѓа на нашата шопинг листа, затоа што најмалите растат брзо и потребна им е нова облека постојано, од маици, панталони, дури и фармерки, а секако кардигани и јакни. Оваа гардероба понекогаш претставува голем трошок па затоа, понекогаш посегнуваме по поевтина. Но дали тоа навистина е најдобриот избор? Евтината облека не само што е направена од понеквалитетни материјали кои штетат на животната средина и особено на лицето кое ги носи, но најчесто и не е најевтина воопшто, затоа што побрзо се уништува. Изреката дека не сме доволно богати да купуваме евтино навистина е точна. Како и да е, цената и не е единствениот критериум - треба да бидете внимателни и пред сѐ добро информирани кога купувате. Затоа, подолу ви претставуваме што значи терминот одржлива облека и зошто ја препорачуваме.
Опасности за вашите најмали
Сѐ повеќе се зголемува залагањето за прекин на ваквите практики од страна на текстилните компании. Том Тејлор исто така превзема активности - во рамки на проектот БИДИ ДЕЛ.
Влијанието на штетната облека врз децата
Хемикалиите како фталати, нефенолски естери, органски станати, перфлурооктан сулфонати, кои истражувањто на Гринпис (Greenpeace) ги пронајде во детската облека, може да го попречат функционирањето на хормоналниот систем (како на пример - тироидната ќлезда и репродуктивните органи), нервниот систем во развој и имунолошкиот систем. Некои од нив исто така може и да се акумулираат во живи суштества. Во секој случај, како и со многу други хемикалии, потребна е доволно голема доза за да имаат штетен ефект.