Машки кратки панталони од 1.849 денари
Како што жените не можат да го замислат летото без здолништа и фустани, така и мажите не можат да го замислат без кратки панталони и шорцеви. Машките кратки панталони овозможуваат удобност дури и во најтоплите денови и за многумина се првиот, ако не и единствен избор за лето. Затоа Том Тејлор во својата летна колекција вклучи и голем избор на кратки машки панталони во различни кроеви и модели, од кои сигурно ќе го пронајдете вистинскиот за вас. Дополнително, подготвивме и специјална понуда за вас: машки кратки панталони започнувајќи од 1.849 денари. Подолу ви ги претставуваме најпопуларните модели машки панатлони, како и споделуваме со вас на што да внимавате кога го бирате вистинскиот модел и кога шорцевите и кратките панталони не се вистинскиот избор.
ВИДОВИ МАШКИ КРАТКИ ПАНТАЛОНИ
Иако денешните кратки панталони едноставно е да ги најдете во различни кроеви и бои, најчесто се одлучуваме за конкретни модели. Помеѓу нив ќе пронајдеме:
КАРГО КРАТКИ ПАНТАЛОНИ
Машките кратки карго панталони се со широк крој и се многу практични и соодветни за голем број активности на отворено. Карко кратките панталони завршуваат веднаш под колената и се најмногу познати по нивните големи, "карго" џебови, каде мажите може да стават сѐ што им е потребно. Најчесто имаат два странични коси џебови, два странични џебови кои се зашиени на долниот дел на панталоните и уште два џебови во задниот дел.
Токму заради нивната практичност, овој модел е многу популарен помеѓу машките, но познавачите на модата веруваат дека ова не е најмодерниот избор. Заради големиот број на џебови излгедаат доста вреќасто и тешко, визуелно тежнејќи надолу и расипувајќи ја силуетата на нозете.
БЕРМУДА ШОРЦЕВИ
Машките бермуда шорцеви се секојдневни кратки панталони кои достигнуваат речиси до колената и се создадени да се носат на плажа или при секојдневни активности. Во некои делови од светот, мажите носат бермуди како формална, свечена облека во комбинација со блејзер.
ЧИНО КРАТКИ ПАНТАЛОНИ
Терминот "чино" се однесува на силниот и издржлив памучен материјал од кој се направени панталоните. Машките чино кратки панталони се скратена верзија на долгите чино панталони и завршуваат неколку центиметри над колената.
Кројот е многу едноставен и прав од напред. Најчесто имаат странични коси џебови и еден или два џебови во пределот на задникот. Може да се дополнат со ремен, додека најдобто изгледаат со поло маица. Генерално, многу се разнолики затоа што се комбинираат со сите видови алишта.
КРАТКИ ФАРМЕРКИ
Можете да ги наречете летна верзија на класичната фармерка. Мора да се погрижиме да завршуваат над коленото и да се благо стеснети кон крајот на ногавицата. Премногу долки и премногу широки кратки фармерки ќе изгледаат вреќасто и ќе го уништат целокупниот изглед. Најдобро се комбинираат со класична маица со кратки ракави.
НА ШТО ТРЕБА ДА ОБРНЕМЕ ВНИМАНИЕ?
Иако кратките панталони може да бидат со различни должини, мора да го следиме правилото дека панталоните не треба да достигнат должина под коленото. Генерално, за повеќето мажи, најдобрата должина на кратки панталони се оние кои завршуваат веднаш над коленото. Оваа должина се смета за најконзервативна затоа што не покажуваме премногу кожа.
Важно е да се запамети дека колку се пократки кратките панталони, нашите нозе ќе изгледаат подолго. Доколку сте висок и имате многу долги нозе, премногу кратки панталони ќе креираат неизбалансиран изглед.
Мора да посветиме внимание и на ширината на ногавиците. Често одбираме алишта кои се пошироки за да ги прикриеме нашите недостатоци, но во реалноста, ова се постигнува токму со спротивното. Истото важи и за премногу широки кратки панталони, кои заради недостатокот на облик крераат непропорционален сооднос помеѓу торзото и нозете. Ова особено доаѓа до израз кај витките мажи кои “се губат“ во премногу широки панталони, а нивните тесни нозе изгледаат уште потесно.
Витките мажи треба да одбегнуваат премногу опуштени кроеви, особено карко кратки панталони. За нив, потесен и пократок крој (слим) кој нема да има големи џебови е најсоодветен. Спротивно, мажите кои имаат малку повеќе стомак, треба да избегнуваат тесни кратки панталони, затоа што тие го нагласуваат стомакот уште повеќе. Треба да изберат кратки панталони кои се за нијанса пошироки и имаат ногавици со прав крој, кои оптички ќе ја намалат половината.
Кратките панталони не треба да бидат премногу тесни, треба да се чувствувате удобно во нив и да можете да се движите со нив наоколу без никаков проблем. Треба да има доволно простор помеѓу ткаенината и кожата за да се подвподвижни, но не повеќе од неколку центиметри. Обрнете внимание на пределот кај џебовите и бутовите, како и доволниот простор во пределот на меѓуножјето. Имајте на ум дека кратките панталони треба да ви прилегаат како и долгите панталони.
При избор на кратки панталони, избегнувајте:
- Огромни џебови во кои може да собере сѐ.
- Крупни дезени и живи бои.
- Дупки и искинат изглед.
Одлучете се за:
- Еднобојни кратки панталони во неутрални нијанси како кафена, црна, морнарско сина, сива и маслинесто зелена.
- Доколку сепак се одлучивте за дезен, нека биде ситен (точки, ситни цветови).
КОГА КРАТКИТЕ ПАНТАЛОНИ СЕ СООДВЕТНИ, А КОГА НЕ?
Машките кратки панталони се смета дека се секојдневно парче облека дизајнирано да се носи во топли временски услови. Најчесто ги насиме за опуштени, секојденвни пригоди, како прошетка, пијалок со пријатели или различни спортски активности, кога сакаме удобност и да не ни е топло.
Мора да сме свесни дека носењето шорцеви и кратки панталони не е соодветно во секоја ситуација. Не е препорачливо да носите кратки панталони за пригоди кои имаат деловен или формален код на облекување, како деловен состанок, интервју за работа или различни формални настани.
Кратките панталони исто така не се соодветни во одредени работни средини, како деловодни и адвокатски компании и банки, каде постои непишано правило на облекување, на кое мора да се придружуваме. Ненаведениот дрес код може брзо да го распознаеме со набљудување како другите се облекуваат, па така може да процениме дали носењето кратки панталони е соодветно или не. Златното правило е дека доколку не сме сигурни дали кратките панталони се соодветни или не, подобро е да се одлучиме за долги панталони.
МАШКИ ТОМ ТЕЈЛОР КРАТКИ ПАНТАЛОНИ
Том Тејлор понудата на машки кратки панталони е разновидна - карко кратки пандалони, удобни спортски шорцеви во стил на тренерки, бермуда -шорцеви, чино и кратки фармерки. Палетата бои во кои се достапни опфаќа неутрални нијански како беж, светло и темно сива, зелена и темно сина, каде може да забележиме и некои мали дезени.