Зимата кажува довидување, пролетта пристигнува. Што да облечеме?

Пролетта веќе ни пристигнува. Топлите сончеви зраци повикуваат за полесна облека и поживи комбинации на боја. Подолгите, подебели крзнени капути се заменуваат со кратки ватирани јакни и преодни мантили, а преферираме потенки маици и кардигани наместо трикотажа. 

Ви подготвивме совети - кои модни комбинации се соодветни за преодниот период кон пролет.

Пролетното сонце станува потопло и време е да кажеме довидување на зимската облека. Подебелите зимски јакни и плетени артикли полека се заменуваат со полесни модни парчиња кои може да се носат слоевито и да се комбинираат едни со други.

Класичните јакни и преодните мантили во различни бои се совршеното почетно парче за разновидни модни комбинации на почетокот на пролетта. Разиграјте ги модните комбинации со елек, џемпери и маици, воедно имајќи ја предвид одржливата мода. Пролетните модни трендови ја ставаат одржливата мода во преден план.

Од аспект на одржлива мода, едноставните алишта, направени од одржливи материјали и со класични кроеви, станаа сѐ попопуларни во последните години. Ваквиот вид облека не само што е практичен и разновиден, туку и прилега на различни телесни фигури.

 

Одржливи материјали

Преку иницијативата БИДИ ДЕЛ, Том Тејлор охрабрува одржливо однесување. Долги години Том Тејлор ја гради својата понуда преку внимателна селекција на одржливи материјали. Одбраниот органски памук, рециклираниот полиестер и органската вискоза се важен чекор кон заштита на животната средина, спречувањето на загадување и исцрпувањето на важни природни ресусри.

 

Разновидни класични модни парчиња

Од аспект на заштита на животната средина, купувањето на одржлива облека е вистинскиот начин, затоа што две од три класични модни парчиња може да се комбинираат заедно на различен начин. Со модни додатоци или одбрани обувки, овие модни парчиња стануваат уникатен израз на секоја индивидуа. Затоа, вечните класици се секогаш добар избор!

Пролетни модни комбинации

Во пролетта, искористете ги предностите на преодните мантили. Иако се лесни, сѐ уште се чувствуваме топло со нив. Со оглед на тоа дека се направени од потенки материјали, едноставно може да се комбинираат со друга облека, затоа што не го оптоваруваат целокупниот изглед. Благодарение на неговата должина, преодниот мантил ја прикрива облеката под него, но доколку се носи откопчан, може делумно да го открие нашиот моден избор.

Нашиот моден израз зависи од кројот на преодниот мантил. Може да одбереме спортски стил, или пак поелегантна верзија.

Том Тејлор преодните мантили се достапни во различни кроеви, а исто така може да си “поиграте“ со различни бои и ткаенини.

Во споредба со мантилите, ватираните јакни овозможуваат повеќе слобода при движењето, но побаруваат поголема грижа при комбинирање со друга облека.

  • Должината зависи од тоа каков вид облека ќе облечеме под нив. Подолгите кардигани, кои ќе нѐ топлат за време на преодниот период, не се најдобриот избор во комбинација со пократка јакна. Џемперите со различен израз на деколте и модерните елеци, кои исто така ќе ни овозможат топлина кога температурите преоѓаат од зима кон пролет, повеќе одговараат со пократка јакна.
  • Кратките јакни се одлична придружба на модерните панталони со крој со висок струк, кои оптички ја издолжуваат силуетата. Долго тесно здолниште исто така одговара одлично во комбинација со маица и пократка јакна.

Основната маица овозможува многу модни комбинации, затоа што креира оптички илузии со различните дезени.

  • Маиците со дезен се соотведен избор за опуштен стил со фармерки или тесни панталони.
  • Маица со строг дезен или везени детали инстантно креира доза на стилска сериозност во комбинација со здолниште или елегантно ѕвонасти панталони.

Класичната маица направена од одржливи материјали е соодветна за специјални пригоди, доколку има некои специјални детали на неа, или пак за секојдневно носење, доколку ви е потребно парче за целосна опуштеност.

Големата предност на квалитетните маици е тоа што се екстремно практични и може да се комбинираат со сите други парчиња облека без да привлекуваат внимание на самите нив. Том Тејлор нуди голем избор на маици со кратки и долги ракави во разновидни бои и со разни дезени, за секоја пригода. Маиците на Том Тејлор ќе направат да изгледате уредно и уникатно за секунда - на работа, дома или за било која друга пригода.

 

Нежноста на пастелните нијанси

Пролетта е времето кога нежноста и убавината пристигнуваат на сцена. Во модната експресија, повторно може да носиме пастелни нијанси бои, да се ослободиме од стрикнтните црни модни парчиња и тежината на нијансите на сива боја.

Во пресрет на првите сончеви зраци, светлите тонови на облеката лесно се комбинираат една со друга, затоа што се смирени и истовремено изгледаат елегантно. Пастелните нијанси креираат чувство на смиреност. Заради импресијата на нежност, исто така добро се вклопуваат во слоевити модни комбинации, кои се тренд оваа пролет.

Облекување во слоеви

При слоевито облекување, многу е важно да се содржи од облека направена од одржливи материјали кои “дишат“. 

Со елеците, едноставно може да постигнеме модерно облекување во слоеви на многу лесен начин, што е навистина погодно во пролет или есен, кога не можеме да ги предвидиме температурните варијации во текот на денот. Кардиганите исто така може да бидат многу погодни за слоевито облекување. Може да заменат јакна и мантил во потоплите месеци, доколку утрата и вечерите се доволно топли. 

Најпогодно при слоевитото облекување е тоа што можете да соблечете одредено модно парче и повторно да изгледате добро. Мора да бидеме внимателни при комбинирањето за да се осигураме дека има баланс помеѓу облеката.

  • Не претеруваме при комбинации на бои, се придржуваме до координирани колорни нијанси, а исто така внимаваме и при комбинација на слични нијанси од одредени бои.
  • Се грижиме да не ги прикриваме алиштата со широк крој со потесни алишта облечени врз нив, затоа што ова непотребно креира дополнителни слоеви кои ја уништуваат природната убавина на телесната силуета.
  • За слоевито облекување, добро е да одбереме пострукирани модни парчиња. При комбинација на парчиња со поширок крој, со додавање на акцент-ремен може да креираме поженствен изглед.
  • Избегнуваме да комбинираме голем број дезени, преферираме да се надоврзуваме на едно дезенирано модно парче со понеутрални, монохроматски класични модни парчиња кои нема да го одвлечат вниманието од избраниот дезен.
Ќе се чувствувате одлично во модерните комбинации со облеката од Том Тејлор пролетната колекција, затоа што ќе можете да носите едноставна облека на софистициран начин. Со комбинирање на квалитетни класични парчиња облека кои се добро направени и имаат допир одржливост, ќе постигнете модна сатисфакција на едноставен начин.